Ледениот бран кој ја окова Еворпаво во британските медиуми доби назив „Ѕверот од истокот“ објаснуваат научниците, кои велат дека порастот на температурите во распон до 30 степени на Северниот пол, е причината за ваквата клима во Европа
Причината за ледениот бран е „упад на топол воздух“ кој носи голема влага на Северниот пол. Научниците истакнуваат дека ова и претходно се случувало, но никогаш вака интензивно како во последните четири години.
Промената на климата на Северниот пол предизвикала поместување на ладниот арктички воздух кон Европа, а тоа лесно би можело да биде поради човечкиот фактор, односно како причина за се почестите нагли климатски промени.
The North Pole is warmer than much of Europe right now. pic.twitter.com/7hWpF0EysY
— Robert Rohde (@rarohde) February 26, 2018
Метеоролошката станица Кејп Морис Џесуп на северот на Гренланд забележила рекорден 61 час температура над просекот на ова географско подрачје само од почетокот на 2018. година, а кој се поврзува со топењето на зимскиот мрак на Арктикот.
„Никогаш не било вака екстремно“, вели Рут Мотрам, научник од данскиот Метеоролошки Унивезитет.
Ретка снежна олуја го погоди Рим во понеделникот, додека Лондон беше блокиран од бура пораи која беа откажани сите возови.
Во Скопје падна 10 ценитметри снег, и главниот град беше блокиран два дена.