Научниците запрепacтени: Откриен фосил што менува сѐ што знаеме за историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фосил на оклопна риба стар 410 милиони години целосно ја менува историјата на ајкулите, се вели во неодамна објавената студија.

Рибата, позната како Minjinia turgenensis, имаше скелет направен од коски, за разлика од ‘рскавицата од која денес е изграден скелетот на ајкули, со исклучок на нивните забите.

Експертите открија фосилизиран череп во монголските планини.

„Тоа беше многу неочекувано откритие. Денешната наука вели дека коскениот внатрешен скелет е единствената иновација на лозата што се одделила од предците на ајкулата пред повеќе од 400 милиони години, но тука има јасен доказ за коскениот внатрешен скелет на роднина на ајкула, кој е блисок на нашиот вид“, изјави водечкиот автор на студијата Мартин Бразеу

Можно е М. turgenensis да e поголема од големата бела ајкула, со некои членови да достигнат 9 метри и повеќе во должина. Бразеу исто така забележал дека најверојатно бил предатор во тоа време, пренесува Фокс Newsуз.

Иако се верува дека Minjinia turgenensis бил значително помал од современите ајкули и китови, откритието има огромно влијание бидејќи укажува на тоа дека ајкулите некогаш имале коски, а потоа ги изгубиле, велат истражувачите.

Покрај тоа што има скелет составен од коски, тој имаше коскени плочи над главата и рамената кои делуваа како штитови, што Бразеу го опиша како „обемен оклоп“.

Ова откритие додава дополнителен кредибилитет на теоријата дека ендохондралната коска, од која изградени човечките скелети по раѓањето, може да одиграла голема улога во еволуцијата на ајкулата и им помогнала да се прилагодат и да постојат повеќе од 400 милиони години.

„Ако ајкулите имаа коскени скелети што ги изгубиле со текот на времето, тоа би можело да биде еволутивна адаптација“, додаде Бразеу.

„Ајкулите немаат пливачли меур, кој подоцна еволуирал во коскени риби, но полесниот скелет ќе им помогне да бидат подвижни и да пливаат на различни длабочини. Можеби тоа е она што им помогна на ајкулите да бидат еден од првите глобални видови риби што се шират во океаните низ целиот свет пред 400 милиони години “, објасни тој за Бразеу, пренесува Б92.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This