НАУЧНИЦИТЕ НЕМААТ СИГУРЕН ОДГОВОР: Мистериозен антички храм откопан во африканска пустина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците се надеваат дека урнатините на антички храм пронајдени во Египетската западна пустина ќе им даде податоци за животот и културата на луѓето што живееле таму пред околу 2.000 години.

Археолозите го откриле надворешниот ѕид, влезот во дворот и остатоците од подрумот на древната структура.

Исто така, за време на ископувањата на локацијата Ал-Салам, лоцирани околу 300 километри јужно од медитеранскиот брег, исто така се откриени фрагменти од керамика, монети и хеленистичка скулптура. Храмот датира од периодот од 200 п.н.е. до 300 г. н.е.

Според научниците, откритието ќе понуди подобра слика во културното наследство на оазата Сива, која се наоѓа на 50 километри од локалитетот и 560 километри од Каиро.

Оазата е изолирана населба, која во моментов е дом на 23.000 луѓе. Се верува дека луѓето живееле тука во последните 12.000 години, но првото забележано споменување на местото датира од владеењето на Третиот среден период во историјата на Египет ‎(1075-656 години п.н.е.).

Бидејќи храмовите обично биле центри на населби, археолозите веруваат дека понатамошните ископувања ќе помогнат да се најдат собите на свештениците и да се дознае зошто храмот е изграден во грчко-римски стил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This