April 18, 2024, 10:25 pm

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата, покажа дека луѓето се однесуваат повеќе или помалку слично кога лажат.

Научниците дошле до заклучок дека кога луѓето лажат, сите ја прават истата грешка.

Кога луѓето лажат, тие често несвесно го копираат однесувањето и говорот на телото на лицето на кое и кажуваат лага, а најмногу го копираат говорот на телото на блиски луѓе.

Затоа, се чини, тие најуспешно ги лажат своите партнери во љубовните врски. И за тоа, изјавија авторите на оваа студија за Мирор, има логично објаснување.

Кога се обидуваме да убедиме некого во нашата приказна, нашиот мозок се фокусира целосно на она што го зборуваме и „заборава“ да го контролира говорот на телото, па затоа прибегнува кон имитација, за што е потребен помалку когнитивен напор отколку размислување, велат авторите на студијата.

Во оваа студија, научниците прво ги снимале волонтерите со камери додека ја кажувале вистината, а потоа ги споредиле снимките со оние на кои испитаниците лажеле.

Тие заклучија дека лажењето бара значителен когнитивен напор, па затоа на повеќето луѓе им е многу полесно да раскажат вистинска приказна отколку лага.

Ова стана уште поочигледно кога од учесниците во истражувањето беше побарано да ги лажат своите партнери и колку беше полоша лагата, стануваше позабележителна имитацијата на изразите на партнерот.

– ОВИЕ НАШИ ОТКРИТИЈА СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО СОЗНАНИЕТО ДЕКА ЛУЃЕТО ПОД ПОГОЛЕМО КОГНИТИВНО ОПТОВАРУВАЊЕ СЕ ПОТПИРААТ НА АВТОМАТИЗИРАНИ ПРОЦЕСИ НА ТЕЛОТО, КАКО ШТО СЕ ИЗРАЗИ НА ЛИЦЕТО – РЕКОА НАУЧНИЦИТЕ, БИДЕЈЌИ ЛАЖЕЊЕТО Е КОГНИТИВНО ПОВЕЌЕ БАРАНО ОТКОЛКУ ДА СЕ КАЖЕ ВИСТИНАТА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This