НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Мистериозни кратери во Сибир го означуваат крајот на светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мистериозна голема дупка во вечниот лед на Сибир го означува крајот на светот, но и почетокот на временските услови кои владеела на Земјата пред повеќе од 130.000 година, предупредуваат научниците.

Експертите сметаат дека отворањето на сибирскиот кратер е еден од првите видливи знаци за забрзаното топење на ледот, во кој се складирани огромни количини на гасови како јаклен диоксид и метан.

Околу 24 проценти од копнените подрачја во северната хемисфера се покриени со вечен лед, а според проценките на научниците во пермафростот се заробени околу 17.000 гигатони јаглен диоксид.

Само со топењето на сибирскиот дел би можело да се ослободат околу 1.000 гигатони од овој гас, кој оди во атмосферата и создава ефект на стаклена градина во која во „заробени“ сончеви зраци во инфрацрвениот дел на спектарот, со што пак се зголемува температурата во атмосферата.

-Последен пат пермафростот се топеше пред 130.000 години. Тоа е природна појава на која влијае промената на Земјината орбита, појаснува професорот од Оксфорд, Гидеон Хендерсон.

Студијата која тој ја претставил во 2013 година, покажува дека температурата повисока од 1,5 степени од онаа во прединдустриското време, би можела да биде доволна за да започне големо топење на ледените површини. Просечната температура денес во светот е за околу еден степен повисока од прединдустриската, а се проценува дека критичната точка од 1,5 степени би можела да се достигне за 10 до 30 години, наведуваат научните магазини и портали.

Првиот кратер на полуостровот Јамал во Сибир, со пречник од 80-тина метри се појави во 2014 година, а вториот е пронајден на неколку стотина километри одалеченост со пречник од 15 метри.

Подоцна се појавила цела низа нови дупки, но и над 7.000 меури под земја кои укажуваат дека во нив се собираат ослободените гасови кои настанале по топењето на леденото тло, што значи дека на тие места може да ја појават нови дупки.

Формацијата на дупките во Сибир не претставува сериозна опасност само за климата, туку и за локалното население. Тие може да ја дестабилизираат железничката пруга, зградите дури и цели населби.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This