Научници направија зaштитнa мacкa која што уcпeшнo го yништyвa кoрoнaвиpycот, а може да издржи до 50 перења

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заштитните маски се многу важни за заштитата од короонавирусот, а нивното носење колку и да ни е неудобо сепак мора да направиме ”мала жртва од себе”.

Научниците во Португалија објавиле дека создале заштитна маска чија што ткаенина штити од коронавирусот така што го уништува.

Вирологот од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон, Педро Симас, објавил дека неговиот тим развил слој кој што го намалува бројот на вируси до 99 отсто во рок од 30 минути, а може да издржи и до 50 перења.

Португалските маски „MOxAdtech“, користат активни состојки кои што веќе се докажале како исклучително влијателни во сузбивањето на H1N1 и ротавирусот.

Но, Симас предупредува дека самата маска не е решение за пандемијата коронавирус, туку најголема заштита имаме кога ја носиме маската, но и кога држиме социјална дистанца.

„Тоа е само уште еден алат, уште еден елемент на маска кој што покрај физичка бариера може да даде и хемиска“ – појаснил Симас, па додал дека луѓето при носењето на заштитната маска треба да внимаваат истата да го покрива носот и устата, за да се спречи ширење на респираторните капки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This