Научници пронајдоа порака од задгробниот живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека во близина на градот Миња по долината на Нил, јужно од Каиро, е откриена древна некропола. Научниците соопштија дека се пронајдени околу илјада статуи и 40 саркофази кои потекнуваат од 664 и 332 година пред новата ера и дека истражувањата ќе траат уште пет години.

Мостафа Вазир, главен археолог на истражувањето, вели дека голем број артефакти се посветени на египетскиот бог Теут. Пронајдени се и четири садови со ликовите на четворицата синови на египетскиот бог Хорус.

„Тие сè уште ги содржат мумифицираните внатрешни органи на покојникот. Украсени се со хиероглифи кои ги откриваат имињата на нивните сопственици“, рекол Вазир.

Токму на Нова година е пронајден и ѓердан на кој со хиероглифи е напишано „Среќна Нова година“.

„Оваа порака е испратена од задгробниот живот“, додал тој.

Меѓу најновите откритија е и гробница на претставник на древната кралска палата, погребан пред повеќе од 4.000 години.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This