April 25, 2024, 11:41 am

НАФТАТА СКОКНА, ДОЛАРОТ ПАДНА: Кризата во Сирија ја поскапи нафтата и го девалвираше доларот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на нафтата го достигна досега највисокото ниво во изминатите три години, откако претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе лансира проектили врз Сирија. Вредноста на нафтата брент се искачи на 72 долари за барел, што е највисоко ниво од декември 2014 година.

Сирија самата не е голем производител на нафта, но во неа се води војна меѓу герилски групи поддржани од Иран и од Саудиска Арабија, и секое вжештување на тензиите ја зголемува опасноста од регионален, па и глобален судир меѓу Русија и САД.

Но, аналитичарите на пазарот на нафтата навестуваат дека зголемувањето на цената може да биде краткотрајно, имајќи го предвид веќе долготрајниот значителен пораст на производството на нафта во САД. Американските стратегиски резерви на нафта се зголемија за 1,8 милиони барели во изминатата недела, и изнесуваат 429,1 милион барели, соопшти Американскиот институт за петролеј. Аналитичарите очекуваа дека американските резерви во овој период ќе се намалат, а не пораснат.

Пазарите веќе беа погодени од заканите за трговска војна меѓу САД и Кина, откако претседателот Доналд Трамп нареди воведуње тарифи за увоз на челик и алуминиум. Нервозата на пазарите се смири во изминатите денови, но повторно ескалираше по хемискиот напад во Сирија и заканата на Трамп дека воено ќе одговори против сирискиот водач Башар ал Асад.

Опасноста од воен судир околу Сирија ја намали вредноста на американскиот долар. Индексот во кој доларот се споредува со шесте други најголеми валути покажа пад на доларот од 0,1 процент, а падот во споредба со јапонскиот јен изнесуваше 0,3 проценти.

Пазарите веќе беа погодени од заканите за трговска војна меѓу САД и Кина, откако претседателот Доналд Трамп нареди воведуње тарифи за увоз на челик и алуминиум. Нервозата на пазарите се смири во изминатите денови, но повторно ескалираше по хемискиот напад во Сирија и заканата на Трамп дека воено ќе одговори против сирискиот водач Башар ал Асад.

Во истиот индекс, еврото порасна за 0,2 проценти. Порастот се должи на најавата на Европската централна банка дека до крајот на годинава ќе ја запре својата седум години долга програма за квантитативно олеснување, односно купување акции од компании на европските берзи.(МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This