March 28, 2024, 12:51 pm

НАФТА ВО ПРОБИШТИП: Запалени нафтени шкрилци во Пробиштип, градот лежи на 150 милиони тони нафта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чад, пламени со синоцрвена боја, гас со непријатен мирис цела недела не им дава мир на жителите од пробиштипските села Долни Стубол и Плешенци кои се лоцирани на шест километри од општинскиот центар. Населението е вознемирено а на терен, во месноста Лиска, односно Црвена земја, на еден километар од последните куќи во Долни Стубол денес излезе екипа на Дирекцијата за заштита и спасување и на териотријалната противпожарна единица од Пробиштип

Ова денес го јави ЕКО радио Пробиштип

Овој терен е познат по богатството на нафтоносни шкрилци и топли води кои излегуваат по природен пат од земјината утроба.-„Нам не ни е јасно, а и никој стручен нема да ни објасни за што се работи, дали нашите животи и имоти се во некаква опасност, што ќе биде ако нафтените шкрилци се запалат и започнат да горат а ги има насекаде околу двете села“, во страв ни зборуваат селаните.

Од Дирекцијата за заштита и спасување на ТПП Пробиштип велат дека го обезбедиле теренот и побарале стручно мислење од експерти по геологија со кои и Пробиштип како рударски град изобилува. Експертите излегле на терен, но кое е нивното стручно гледиште за ваа појава засега не се дадени никакви информација.

„Пред да биде обележан отворот и поставен знак на предупредување дека од него излегува опасен земјен гас, ние од љубопитност со стапови го распретувавме отворот и забележавме дека во него има вжарени грутки земја и камења, а во текот на ноќните часови видовме како од земјениот расцеп излегува и сино црвен пламен“, велат жителите од овие села

Има определени сомневања дека местото е намерно опожарено, но мештаните негираат.

„Теренот над Долни Стубол почна да чади по неодамнешното невреме,при што претпоставуваме дека е можно силно електрично празнење, односно гром да ги има запалено шкрилците, зашто имаше многу молњи над овој крај, рекоа селаните.

Територијалната ПП единица во Пробиштип го затвориле привремено отворот од кој излегувал чад со тежок мирис потрупувајќи го со земја и камен. Но, пред да се пристапи кон гаснење на потпалениот подземен гас, ке се чека и на втората најавена посета на надлежните од Геолошкиот завод, изјавија од ТПП единица во Пробиштип.

Градоначалникот Драган Анастасов уверува дека го контролираат процесот и дека во негово решавање биле вклучени врвни експерти од Геолошкиот институт Скопје и од Факултето за природни и технички науки при УГД Штип. –„Точните информации за сите случувања околу оваа појава ќе ги имаме во текот на утрешниот ден и за сите аспекти на овој проблем ќе бидат запознаени жителите на овие села но и целата наша јавност“, вели Анастасов.

Инаку, во минатото на овој терен во рударската општина Пробиштип биле правени повеќе геолошки истражувања со повеќе длабински бушотини кои покажале дека ова подрачје лежи на нафтени шкрилци, јаглен и гас, а било утврдено и наоѓалиште на сулфур. Но, експертите тврделе дека утврдените количини не нуделе економска исплатливост иако во осумдесеттите години од минатито век, тогашниот Фонд за рударство утврдил геолошки резерви од над 150 милиони тони нафтени шкрилци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This