НАЦЕВ: ДАЛИ ЗАТАИ СИСТЕМОТ ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА КРИЗАТА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Александар Нацев на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со актуелната состојба во државава- коронавирусот.

-ДАЛИ ЗАТАИ СИСТЕМОТ ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА КРИЗАТА!?

Заканата која произлегува од корона вирусот не е воена закана според својата оригинална природа, но факт е дека може сериозно да ја загрози безбедноста на граѓаните и државата во целина. Системот за одговор на ваквите закани треба да се активира по автоматизам и да овозможи пред сè рана детекција и предупредување за заканата и да има моментална реакција на респонзивните елементи на системот. При добро поставен систем, навременото детектирање би активирало и соодветен одговор, кој не би поставувал дилеми за прогласување /непрогласување на целосна или ограничена кризна или вонредна состојба и слично. Во одговорот на вакви кризи, кога системот би бил правилно дизајниран, не би оставил простор за дилеми. Но, она што се случи во Република Македонија и начинот на кој што нашиот безбедносен систем се „справи“ со заканата, укажува на тоа дека ниту имаше рана детекција и предупредување за заканата, а изостана и моменталната реакција на системот.

И покрај тоа што во „Националната концепција за безбедност и одбрана“, која е основен национален документ во областа на безбедноста и одбраната, во делот на „Безбедносни ризици и закани“, стои дека во ризици и закани спаѓаат и „елементарните и други непогоди, техничко-технолошките катастрофи, заразните заболувања на луѓето и животните предизвикани од домашни и/или надворешни фактори“ (слика 1), сепак изостана реакцијата на надлежните безбедносни органи, пред сè на разузнавачкиот апарат. Да се активираше на време безбедносно-разузнавачкиот апарат, и да си ја завршеше работата која треба да ја заврши според своите надлежности (слика 2 и 3 се надлежностите на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност), а која надлежност вклучува заштита на националната безбедност од сите видови безбедносни закани (веќе погоре реков дека заразните заболувања се веќе класифицирани како безбедносна закана во Концепцијата), и овие служби да направеа определени анализи и процени и да ги доставеа до донесувачите на одлуки, можеби Република Македонија денеска немаше да биде во ваква позиција.

За илустрација, да ја погледнеме стратешката процена (изработена во јануари 2019 година, значи година и повеќе пред појавата на кризата) од Канцеларијата на Директорот на национално разузнавање на САД (слика 4 и 5), особено делот во кој се предвидува како одредени заразни заболувања би можеле да се претворат во глобална пандемија и како би настанале тие зарази.

Штета што нашиот безбедносен систем не беше дораснат на својата улога и заради неговата нефункционалност, се загрозени животите на голем број наши сограѓани, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This