Нацев: Некомплетни униформи за безимена aрмија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обидот да се изманипулира јавноста и да се претстави лажна реалност пред граѓаните е вештина која актуелната власт успешно ја има совладано. Но, граѓаните веќе се доволно рационални за да можат критички да ги гледаат работите и да не потпаѓаат под влијание на селективни прес конференции и празни ветувања. Денешниот обид да се прикаже купувањето униформи за припадниците на АРМ како спектакуларен успех од невидени размери, всушност е само катастрофален обид за манипулација на јавноста, обвинува универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев.

Бидејќи јас сум воено лице и сум носел неколку комплети униформа за време на мојата служба во АРМ, знам (а сигурно знаат и сите оние кои отслужиле воен рок или работат како ПфВ и старешини) дека комплетната униформа не се состои од панталони и палто, туку има уште неколку парчиња кои сочинуваат еден комплет, како маици, поткошула, зимска јакна, џемпер, чорапи и слично. Па така, освен што е очигледно дека на новите униформи недостасува името на нашата татковина, очигледно е дека тајмингот за делење на униформите е само предизборен трик, бидејќи се делат на еден ден пред почетокот на изборната кампања, а истите тие униформи стоеја во магацини веќе подолго време. Но, освен за униформите, еве да прашам за неколку други состојби во АРМ, кои селективно се изоставуваат од бледите прес-конференции:

Како се дозволи да се појави шуга во касарната во Велес?

Што стана со истрагата за ешерихија коли во водата во касарната во Штип?

Што се презема во врска со значителното зголемување на бројот на заразени војници со COVID-19, и појавата на голем број позитивни лица во касарните „Гоце

Делчев“ и „Илинден“, но и во Генералштабот и во Министерството за одбрана?

До каде е комплетирањето на набавката на чизми за војниците, бидејќи при првата набавка немаше доволно за сите?

Зошто го уништивте Полкот за специјални операции?

Зошто ги трансформиравте тенковските и артилериските единици?

Оваа низа на прашања може да продолжи уште многу, но за сега ќе застанам овде. Припадниците на АРМ се наши херои и се во првите редови на одбраната на татковината и на нејзиното достоинство. Јас, како поранешен припадник и офицер на АРМ, ќе се залагам за достоинствен третман на нашите војници, и секогаш кога им се нанесува неправда, ќе реагирам и ќе ја кажувам вистината, вели во својата објава Нацев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This