Нацев: Пpoбиштип имa тивoк y6иeц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека едни политички аналфабети со години наназад се претставуваат за „зелени“ (а зелени се, ама без наводници), други помпезно се ребрендираат во зелени, а актуелната власт упорно тврди дека нивните зелени политики се невиден успех, во Македонија на неколку жешки точки се наоѓаат сериозни еколошки предизвици, кои во поново време се сметаат и за сериозни безбедносни предизвици. Еколошката безбедност, како една од поновите димензии на генералниот концепт на безбедноста, сè повеќе се проучува, се прават одредени истражувања, преку кои се доаѓа до запрепастувачки резултати, но и до одредени одговори на некои децениски отворени прашања, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук универзитетскиот професор Александар Нацев.

Во продолжение интегрален текст од објавата на Нацев:

Пробиштипскиот тивок убиец и за еколошката (не)безбедност

Додека едни политички аналфабети со години наназад се претставуваат за „зелени“ (а зелени се, ама без наводници), други помпезно се ребрендираат во зелени, а актуелната власт упорно тврди дека нивните зелени политики се невиден успех, во Македонија на неколку жешки точки се наоѓаат сериозни еколошки предизвици, кои во поново време се сметаат и за сериозни безбедносни предизвици. Еколошката безбедност, како една од поновите димензии на генералниот концепт на безбедноста, сè повеќе се проучува, се прават одредени истражувања, преку кои се доаѓа до запрепастувачки резултати, но и до одредени одговори на некои децениски отворени прашања.

Конкретно во овој пост сакам да се задржам на еден проблем и на една ситуација која цел мој живот била дел од моето секојдневие, секојдневието на моето семејство, но и сите граѓани на Пробиштип. Пред два дена, владејачката партија имаше трибина во Пробиштип, на која трибина се пофалија дека перфектно го решиле секој предизвик пред кој биле исправени – економски, образовен, здравствен, еколошки итн итн. Ама, реалноста е сосема друга.

Иако во Пробиштип пред неколку години немаше гушкачи на дрвја и на трговски центри, сегашната власт (а тогашна опозиција), засилена со своите партнери од невладиниот сектор, критикуваше дека хидројаловиштето е еколошка бомба, закана за граѓаните, па пишуваа колумни, текстови, а го ставија тој проблем и во својата предизборна програма, со ветување дека ќе го решат ефективно и ефикасно. Ама, слично како горното тврдење, и од ова не видовме ништо.

Јаловиштето сè уште е една од 16 жешки еколошки точки во земјава, на која од почетокот на експлоатацијата на рудникот, се депонирани над 6.000.000 м3 хидројаловина која содржи тешки метали и други опасни хемикалии.

Континуираното загадување, хаваријата во 1976 и самите рударски активности, имаат серија на последици за и кон локалното население. Влијанието на ова загадување врз човековото здравје и животната средина е посочено исто како кај топилницата во Велес. Тука ќе застанам со доловување на штетноста на оваа еколошка критична точка, и само ќе кажам дека ова свесно труење на сопствените граѓани мора да престане и да се најде решение за овој тивок убиец, кој е дел од нашето секојдневие веќе предолго време.

За крај, се надевам дека следниот пат кога ќе поминам покрај јаловиштето, нема да треба да и објаснувам на ќерка ми дека тоа не е езеро, туку ќе треба да и објаснувам што работи целата оваа механизација и сите овие луѓе на ова место, пишува Нацев во својата објава.

Целосната објава може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This