April 19, 2024, 12:29 am

Национален парк на туристите по пошта им го враќа ѓубрето кое го оставиле зад себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Посетителите на националните паркови на Тајланд би можеле наскоро да добијат пакети со ѓубре кои на домашна адреса им го испраќа управата. Откако минатиот викенд голем број на посетители зад себе оставиле ѓубре во Националниот парк Као Јаи во близина на Бангкок, министерот за животна средина Варавут Силпа-Арча добил идеја – собраното ѓубре во пакети да се испраќа на домашната адреса на посетителите.

„Го собравме вашето ѓубре, го ставивме во картонска кутија и ви го испраќаме дома. Тоа би требало да ве подучи дека никаде и никогаш не треба да фрлате ѓубре“, стои во пораката на пакетите.

Камперите по доаѓањето се пријавуваат кај управата на Националниот парк, па лесно може да се дознае нивната домашна адреса, како и локацијата каде биле поставени шаторите.

Покрај кутијата ѓубре, несовесните планинари ќе добијат и пријава во локалната полиција поради кршење на прописите за националните паркови.

„Ѓубрето може да биде опасно за животните како што се срните доколку го изедат пластичниот отпад кој луѓето го оставаат зад себе“, изјави Нарин Пинсакул од Националниот парк Као Јаи.

Фрлањето на ѓубре и загадувањето на околината на Тајланд се казнува и со затворска казна до 5 години или глоба од 16 илјади долари според тајландскиот закон за заштита на околината. Као Јаи е отворен во 1962-ра година и станува збор за најстариот Национален парк на Тајланд. Со своите водопади и импресивниот растителен и животински свет на повеќе од 2 илјади квадратни километри е смета за еден од најубавите Национални паркови во југоисточна Азија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This