Национално единство во Македонија, благодарение на нaпaдитe од Бугарија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот меморандум со кој се блокира членството на Република Македонија во Европската Унија се чини ги сруши сништата и на најголемите еурофили дека во ЕУ Македонците ќе влезат како Македонци. Меморандумот е само поопширно објаснување на документот кој пред неколку месеци го ратификуваше бугарскиот парламент, а во кој се бараат понатамошни отстапки од Република Македонија за да го оствари својот стремеж за членство во Европската Унија.

Доколку со Преспанскиот договор од Македонија се бараше да се откаже од дел од културното наследство, односно античката историја, со бугарскиот меморандум се бара целосно бришење на фактот дека некогаш живееле и живеат на ова парче земја, Македонци. Ваквите ултимативни барања се далеку пострашни од она брусење на шахти и плоштади кое веќе го посведочи македонската јавност. Бугарија бара нашите деца и сите идни генерации да бидат индоктринирани со идејата дека Македонци никогаш не постоеле.

Каков е Бугарскиот ултиматум?

Бугарија со овој документ покрај тоа што негира дека постојат Македонци го негира и постоењето на македонски јазик кој според бугарската држава е дијалект на бугарскиот кој би прекодифициран по завршувањето на Втората Светска Војна.

Кога, по Првата светска војна, дел од географската област на Македонија беше вклучен во Кралството Југославија, огромното мнозинство од словенското население јасно се идентификуваше како Бугарин. Ова го потврдуваат сите дипломатски и историски информации од тоа време. Помеѓу двете светски војни, Белград се обиде да го искорени бугарскиот идентитет на ова население со наметнување на нов „јужен српски“. Бидејќи овој обид пропадна, по Втората светска војна, југословенскиот комунистички водач Јосип Броз Тито прибегна кон наметнување на друг нов идентитет, овојпат „македонски“, во тогашната Социјалистичка Република Македонија (СРМ). Тито беше олеснет и инспириран од одлуката на Комунистичката интернационала (Коминтерн) во 1934 година да создаде нови народи „македонски“, „тракијци“ и „Добруџа“. – се вели во меморандумот на Бугарија испратен до ЕУ.

Понатаму се зборува дека Македонскиот јазик е измислена творба на Коминтерната, бидејќи, јазикот кој го зборувале словените на овие територии бил бугарски и негови регионални форми, со што бугарската држава посегнува и по основата на етничкиот идентитет на Македонците – јазикот.

Во соседните земји, терминот „македонски“ се користи за означување на географско потекло, наместо на национален идентитет. Во Бугарија, стотици илјади Бугари се идентификуваат како „Македонци“ во однос на нивната регионална припадност, што јасно укажува на бугарското етничко потекло. Од оваа причина, значително недоразбирање се јавува кога изразите „македонски“ и „со потекло од Република Северна Македонија“ се заменливи во меѓународните форуми.

Зачудувачки и неразбирлив е и проблемот кој Бугарија го има со терминог „Северна Македонија“ барајќи „Република Северна Македонија“ да се корист ерга омнес бидејќи краткото име „Северна Македонија“ опфаќа делови од Бугарија односно Пиринска Македонија.

Македонија е географска и историска област, која денес се наоѓа во границите на шест земји – Бугарија, Грција, Република Северна Македонија, Албанија, Косово и Србија. Затоа, сите обиди да се наметне географскиот поим Македонија како официјално име на новосоздадената држава во 1992 година во текот на 28 години, беа оптоварени со политичка чувствителност.

Ако ова не е територијална претензија, тогаш, не би знаел да кажам што е?

Македонската интелегенција за скандалозниот меморандум.

Аналитичарот и претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов жестоко го искритикува ставот на официјална Софија, притоа забележувајќи дека Македонија има проблем со својата дипломатија на „свиткана кичма“. Според него причината за ваквото однесува на Бугарија е сонот за создавање на Големо бугарска држава од кој Бугарите никогаш не се откажале.

Во континуитет од создавање на бугарската држава на Берлинскиот конгерес во 1878 година до ден денес помалку или повеќе, властите во Бугарија сонуваат за десет дневната руска творба, Сан Стефанска Бугарија која да потсетам во своите граници ја вклучува целата територија на Република Македонија. За нив не само што не постои македонско малцинство во Пиринскиот дел од Македонија и како такво и низ цела Бугарија туку прогресираат во тоа да го негираат воопшто постоењето на македонскиот народ, а воедно и постоењето на посебен македонски јазик. Нивната пропаганда дека ние сме титова и коминтернова творба не е нешто ново, но сега со оглед на околностите во кои со Македонија владее предавник, без никакво национално достоинство во ликот на Зоран Заев, кој со невидена леснотија распродава се што ни е свето тие гледааат шанса нивниот вековен сон да стане јаве, вели Пандов.

Албанците солидарни со Македонците.

Одговор добивме и од Алијансата на Албанците, Флакрон Бечети кој што со дипломатски речник ги коментираше како што вели овие „чувствителни прашања“ за Македонците и македонската држава, но сепак го осуди ваквиот чин.

Ние како политичка партија сме давале и ќе дадеме наш политички придонес за секое прашање што се врзува со зачленување на Северна Македонија во Европската Унија. Се разбира дека за осетливите прашања мегу Северна Македониа и Бугарија кои се наведени во Меморандумот, експертите па и властите во Македонија и Бугарија со диалог ке треба да ги најдат најдобрите решениа кои ке го забрзат патот за зачленување на Северна Македонија во Европска Унија, а не да се создава нов спор кој ке го блокира зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ. Граѓаните на Северна Македонија, со спорот со Грција изгубија многу на економски па и политички аспект, никој не посакува истото да ни се случува со Бугарија. А се надеваме дека и Бујар Османи во иднина ке биде запознаен на време со работи кој треба да се приоритет за неговиот ресор, и ќе даде соодветен одговор како Министер за надворешни работи, вели портпаролот на Алијансата за Албанците.

Национално единство, конечно?

Она што пак успеаа да го постигнат бугарските политичари е создавање на своевидно национално единство во Македонија. Освен солидарноста на Албанскиот политички блок со Македонскиот, постои поклопување на ставовите и помеѓу лидерите на двете најголеми политички партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

И Зоран Заев и Христијан Мицкоски велат дека ќе се борат против негаторскиот став на Бугарија, и дека ниту едниот – ниту пак другиот ќе дозволат бришење на Македонскиот идентитет и јазик. Секако, едниот од овие двајца лидери со полно право сега се става во улога на бранител на Македонскиот идентитет и јазик, особено откако десетици пати предупреди на можната злоупотреба на договорот за добрососедство со Бугарија.

Христијан Мицкоски во изјава за „Инфомакс“, практично ги повтори предупредувањата кои ги упатуваше пред потпишувањето на договорот со Бугарија, но и истакна дека е шокиран од ваквиот однос на источниот сосед.

Шокиран сум од однесувањето на истиочниот сосед, чиј негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европска вредност. Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кој за власт, пари и тендери е подготвен за трговија.

Не се согласувам и осудувам секаква негаторска политика кон Македонија и македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, без суштинска работа и резултати ги зголемува апетите на оние кои имаат поинакви интереси од државните и националните на нашата држава.

Зоран Заев треба да понесе одговорност што повторно ги доведува европските интеграции на земјава во ќорсокак овој пат во услови на тешка социјална, здравствена и економска криза.

Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми, вели Мицкоски за „Инфомакс“.

Премиерот на Владата на Р.Македонија пак е, барем за мене, е најголемото изненадување во овој текст. Ако може да се смета за изненадување фактот што Зоран Заев го промени ставот -пак- кон „пријателска Бугарија“ – како што ја нарекуваше.

Ниту премиерот Зоран Заев не можеше да остане рамнодушен и отворено да не го искриктикува меморандумот на соседна Бугарија. Според него правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности, а постоењето на Македонците и македонскиот јазик се неоспорен факт. Тој го осуди однесувањето на Бугарија истакнувајќи дека тврдењата и изјавите кои содржат навреди не водат кон пријателство.

Договорот со Бугарија создава правна рамка за унапредување на билатералните односи, правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија создава правна рамка и нуди инструменти за менаџирање на билатералните прашања и ние сме посветени на неговата имплементација.

Со Република Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство.

Правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности и цивилизациски придобивки. Посебноста на македонскиот јазик и македонски етнички идентитет се неспорен факт.

Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонија во Обединетите нации и дел од многуте прифатени и признати модерни јазици кои се изучуваат на универзитети во целиот свет.

Во 21-от век во Европа, прифаќањето на минатото, но и на сегашноста се одраз на одговорна и зрела политика и вистинско пријателство.

Тврдењата и изјавите кои содржат навреди не водат кон пријателство.

Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка е одраз на взаемното почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни, вели Заев за Инфомакс.

Молк од Бугарија!

Инфомакс го контактираше и бугарското МНР телефонски, но и два пати преку електронска пошта, од таму не добивме никаков одговор. Во првиот телефонски разговор, говоровме на англиски јазик при што не упатија електронски прашањата да ги испратиме на официјални е-маил.

Вториот пат разговаравме на Македонски и Бугарски, а од бугарското МНР не известија дека не го добиле првииот е-маил, по што испративме и втор со истите прашања на кои повторно не добивме одговор.

Во нашето прво прашање баравме потврда за блокадата на македонскиот европски пат од страна на Бугарија. Во второто прашање побаравме одговор дали е точно дека само поради Бугарија, Република Македонија ќе има дополнително поглавје при влез во Европската Унија поврзано со односите со Софија и македонската историја.

И за крај ги запрашавме дали македонскиот јазик и Гоце Делчев се главниот камен на сопнување во односите помеѓу двете држави.

Одговор, немаше.

Веројатно затоа што не понудивме „две червени“?

Подготвил:
M.Милошовски

Пишува:
A.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This