НАЦРТ РЕЗЛОУЦИЈА НА ЕПП СО БАРАЊЕ: Итнo почнување на преговори со Скопје и Тирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нацрт итната резолуција поднесена од хрватската владејачка партија ХДЗ на овогодинешниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб го повикува Советот и земјите членки да се заложат за носење позитивна одлука што е можно поскоро за отворање на пристапни преговори со С Македонија и Албанија.

Резолуцијата, како што пренесува „European Western Balkans“, бара да се признаат позитивните напори од процесот на проширување, како и да се увиди назадувањето од неносењето на одлука во регионот.

– Растурањето на политиката на проширување може да доведе до зголемување на нестабилноста во непосредното соседство на ЕУ и да отвори простор за странски актери, чии активности можеби не се во согласност со вредностите и интересите не ЕУ, да остварат поблиска соработка со С Македонија и Албанија, се вели во документот.

Интензивирањето на имиграцијата од регионот, исто така, се посочува како можна последица од ваквата одлука. Дополнително, се наведува, дека неуспехот на ЕУ за старт на преговорите со С Македонија предизвика предвремени избори во земјата, што резултира со пад на кредибилитетот на оние што прифатија компромиси.

– Потребно е да се преземат сите напори за организирање на слободни, фер, демократски и кредибилни избори на 12 април 2020 година, се вели во драфт резолуцијата.

Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година се гледа како единствена можност да се оцени, обнови и освежи процесот на проширување.

На Конгрес на ЕПП се очекува денеска да бидат усвоени резолуција и итна резолуција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This