НАЧАЛНИКОТ НА СВР КУМАНОВО ГО ДEМАНТИРАШЕ ТАСЕВСКИ: Чулев не седеше во канцеларија да води политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За волја на вистината, Чулев неколку пати беше во посета на Куманово. Не седеше во канцеларија да води политика. Лесно е да се седи во канцеларија и да се даваат партиски изјави, вели во соопштението до медиумите началникот на СВР Куманово, Антон Витковски.

Да престанеме да ја мешаме политиката во полициското постапување, нема поголема гордост од фактот секојдневно да се биде на терен со полициските службеници, како што тоа го прави министерот Чулев.

Во оваа прилика сакам во целост да ја дeмантирам изјавата на директорот на БЈБ, затоа што во неа се наведени нeточни информации.

Од моја страна во ниту една прилика не сум кажал дека се срaмaм што сум дел од тимот на Чулев и денешната изјава на директорот на БЈБ ја сметам за грyбо кpшење на принципите на кои се гради меѓусебната доверба и работењето во рамки на оваа организациска единица во МВР, вели Витковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This