March 29, 2024, 11:43 am

Началникот на сообраќајната полиција во Ниш доби отkaз по cмртта на двајца пешаци кои нacтрадаа во сообраќаjна нecреќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, денеска одржа состанок со началникот и раководителите на полициската управа во Ниш, на кој беа анализирани и презентирани сите мерки и активности што ги презема полицијата во врска со сообраќајната несреќа во која загинаа двајца пешаци на тротоарот на 4 јануари годинава откако ги удрил автомобил.

На состанокот присуствуваа и директорот на полицијата, Владимир Ребиќ и шефот на управата на сообраќајната полиција, Небојша Арсов, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. На состанокот беше донесена одлука за промена на началникот на сообраќајната полиција на полициската управа во Ниш.

Беше одлучено да се зајакне контролата на сообраќајот во градот, како и присуството на сообраќајната полиција на улиците на градот со помош на полициски службеници од другите полициски оддели. Полициската управа во Ниш ќе се обрати до управата на градот Ниш со конкретни предлози со цел подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This