НАЧАЛНИК ОД МВР ТВРДИ ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА НЕ СИ ЈА ЗАВРШИЛА РАБОТАТА: Со прескокнувањето на оградата и немањето на команда за реакција, полицијата не си ја заврши работата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Началник на единица за јавен ред и мир и превенција, Тони Алексовски, денеска беше првиот сведок на рочиштето за 27 април. Тој сведочи по предлог на обвинетиот Душко Лазаров и зборуваше за тоа како функционирал оперативниот штаб за оперативната акција која била формирана за секојдневните протести под кодно име „Платформа“.

 

Алексовски кажа дека раководител на тој штаб бил Митко Чавков кој ја имал и златната команда, негови заменици носители на оваа команда биле заменик директорот на БЈБ и државниот советник. Душко Лазаров бил член на оперативниот штаб, исто како и сведокот.

– Член на оперативниот штаб може да добие наредба од раководителот на оперативниот штаб. Тој може само да пренесува. Не може да издава наредби без одобрение од раководителот на оперативниот штаб – рече Алексовски.

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, го праша дали ако таква наредба стигне од министерот, членовите мора да постапат.

– Ако добие наредба членот на оперативниот штаб е должен да ја пренесе на раководителот на штабот. Не може да дава команди, тој може само да ја пренесе – рече сведокот, на што обвинителката праша дали го прочитал членот 20 од упатството за постапување.

Сведокот кажа и оти оперативниот штаб првично броел 17 члена, а кон крајот на март се донела одлука за 6 лица да биде задолжително присуството во штабот додека се одржувале протестите. На 27 април рече дека не бил на работа, користел денови од годишен одмор.

– Дента бев повикан во 21.30 часот и на работа дојдов во 22 часот. Не знам што се случувало пред 22 часот во штабот – рече Алексовски.

Алексовски во сведочењето кажа и дека по 27 април Лазаров им кажал дека во два наврати давал исказ во одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во комисијата формирана од министерот за утврдување на конкретна одговорност за настаните.

– После тоа тој продолжи да работи на истото работно место во периодот до ноември кога беа воспоставени две оперативни акции, под кодно име „Супер куп“ и „Избори“, а Лазаров беше одговорен и носител на одговорност – рече сведокот.

На сведокот на Лазаров прашања му поставуваше и судикјата Добрила Кацарска која на крај го праша дали тој како член на оперативниот штаб смета дека на 27 април штабот бил на висина на задачата.

– Самиот факт што се случи да се прескокнат огради и да се влезе во Сбрание укажува дека задача не е завршена – рече Алексовски.

Тој одговарајќи на останатите прашања од судот кажа дека први кои можат и треба да излезат на терен да им помогнат на малкумината полицајци во Собрание се оние од СВР Скопје кои може да ги повика началникот на СВР Скопје, како и припадниците на специјалните полициски операции кои може да ги повика раководителот. За другите оддели потребно е најмалку 2-3 часа за да се соберат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This