НАЧАЛНИЦИТЕ ПОСТАВЕНИ ОД СПАСОВСКИ ПОД ИСТРАГА: Јавното обвинителство започна истрага за изборни нерегуларности на функционери од МВР!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува предистражни постапки за утврдување постоење основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службени овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички лица и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица.

mvr-3

Како што соопштуваат од ЈОРМ, делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година.

– Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела, појаснуваат од ЈОРМ.

Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, како што стои во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This