Нашата Влада молчи: Документот на БАН е официјална политика на Бугарија, тоа е признавање дека Македонците се фашиcoиден народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-амбасадорот Ристо Никовски во вечерашното издание на „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, околу документот на БАН кој едногласно го прифатија и Собранието и Владата на Бугарија, а во кој стои дека Македонците извршиле убиства врз 20 илјади Бугари истакна дека тоа не е вистина.

Тоа го кажуваат во своите книги и бугарските историчари. А тоа што нашата Влада молчи за овој документ на БАН, тоа значи дека јавно го признава тоа и македонскиот народ го прогласува за фашизоиден.
-Постои книга од бугарски историчар Чавдар Маринов “Македонското прашање од 1944 до денес” и е доста обејктивна историска книга. Сега за овие (не)времиња оваа книга е многу драгоцена. Книгата дава еден широк увид во бугарските документи и е објавена во Парис 2010-тата година каде и Маринов докторирал. А кај нас е издадена во 2013-та година. Тој користел најшироки архивски бугарски документи. Никаде тој во книгата не споменува дека биле убиени 20.000 Бугари од страна на Македонците – како што објавила БАН во својот документ. Тоа е голема бројка, кај се сведоците, колку роднини имале тие. Значи тоа е приказната за големата лага. Еве ќе направиме и една паралела. Во Тиранската платформа пак, се бараше од нас да се усвои резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз Албанскиот народ во Македонија од 1912 – 1956 година. Значи ако сме направиле геноцид врз Албанците и ако сме убиле 20 илјади Бугари, тогаш има ли поголеми злосторници од Македонците. Таков геноцид и не постои во светот, дециден е Никовски.

Де факто, со документот на БАН кој е официјален и државен и зад кој стои Собранието и Владата на Бугарија, тоа значи дека од ова нема бегање и отстапки. Тоа е официјална бугарска политика, вели Никовски и целото наше тактизирање и молчење на овој документ е само признавање на нашата македонска Влада дека ние сме злосторници и полоши и од фашизмот.

-И да не реагираш на тоа, нашата власт да не реагира на ова – тоа значи дека прифаќаат дека Македонците се фашисти, вели екс – амбасадорот Ристо Никовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This