НАШАТА НАЈГОЛЕМА БОРБА Е БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Ајде браќа и сестри, сите заедно да се бориме за просперитетна Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Браќа и сестри, нашата најголема борба е борбата за Македонија. Борба за подобар животен стандард, за среќни утра и насмеани луѓе, пишува на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Да се бориме сите заедно за нашата татковина, аманетот на нашите предци, советот од нашите родители и сонот на нашата генерација за економски богата, евроатлански интегрирана и земја на среќни граѓани да биде реалност. Ајде сите заедно да ја поразиме оваа тажна реалност што и се случува на Македонија, ајде сите заедно да ја испишеме иднината на нашите поколенија. Застанете со нас, заедно можеме и заедно заслужуваме повеќе. Доста е лаги, клевети, интриги, криминал, безидејност, неработа, отсуство на визија и план…, Македонија мора и заслужува повеќе…, напиша Мицкоски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This