March 29, 2024, 10:36 am

НАШАТА НАЈПОПУЛАРНА ФОЛКЕРКА СУЗАНА ГАВАЗОВА ОБЈАСНУВА:Од Бит-пазар секако дека не купувам чанти за 600 долари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашата, веројатно, најпопуларна фолкерка, според голем број неофицијални анкети, сексапилната Сузана Гавазова повторно е на тапет на многубројни измислици.

Така деновиве низ естрадните кулоари и во некои медиуми на нивните естрадни страници се зборува за тоа дека Гавазова си купила шкарт чанта од скопскиот Бит-пазар со која сега се фали пред фановите и пријателите. Нормално дека ваквата гнасна лага не ја остави Сузана рамнодушна, па во врска со тоа еве што специјално вели таа за “Вечер”/vecer.press.

– Претпоставувам од кои извори потекнува оваа дрска лага, но јас не сакам да демантирам, туку да им ја кажам на сите луѓе вистината. Од Бит-пазар секако дека не купувам чанти за 600 долари. Не дека ги потценувам луѓето кои таму чесно заработуваат за живот, токму напротив јас им се восхитувам на тие луѓе. Моите финансии ми дозволуваат да си купувам на некои други места било каде во светот. Чантата поради која се крена медиумски прав е купена во Цирих во Швајцарија за 1.300 евра!

Само за “Вечер” откривам дека чантата од 1.300 евра ми е всушност подарокот од мојот сопруг Јасмин. Кога го купував ВИП-фустанот тој многу пријатно ме изненади со таа чанта во која се вљубив бидејќи многу ми се допадна. Мојот сопруг навистина знае да ме разгали со подароци. Покрај таков секогаш внимателен човек јас сум среќна жена, ни раскажа Гавазова. Таа деновиве во ова предновогодишно време е повеќе во Македонија, отколку во Шведска.

Нејзината родна грутка за неа како голема патриотка е света земја без разлика на тоа што си прави и кариера во соседна Србија за “Гранд продукција” кај Лепа Брена. Иако најмногу сака да ги пее песните на својот македонски јазик, таа мошне добро ги сфаќа непишаните закони на шоу-бизнисот на Балканот. Згодната Гавазова во Белград ја сними песната “Хало” која стана вистински хит на српските топ листи, а провокативниот спот за таа песна е еден од најгледаните во Србија, Босна, Црна Гора и во родната Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This