НАША ГОРДОСТ: Македонката Ивона Василевска првенец на генерацијата на атомска и нykлeарна физика во Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ивона Василевска, е Македонка, по потекло од Прилеп, родена во Струга, а образована во Русија. Завршила факултет и магистерски студии од областа на aтомска и нykлеарна физика во Москва, како првенец на генерација, а сега е на докторски студии во Словенија, пренесува Факултети


Фото Факултети

Ивона е соработник на ИТЕР, светска организација од Франција посветена на искористување на плaзмата како нов вид енергија. Уште од мали нозе ја интересирале природните појави, а кога се запознала со физиката, знаела дека тоа е нејзината иднина. Учествувала на бројни натпревари по физика Македонија и странство на кои постигнувала одлични резултати.

Русија ја избрала поради историјата што таа земја ја има во физиката како наука, но и постигнатите резултати на тоа поле.  Студиите ги започнала во Санкт Петерсбург, а потоа се префрлила на Факултетот за природни науки при рускиот државен Универзитет дружби на народите, Москва. Дипломирала во 2014 година на насоката aтомска и нykлeaрна физика како првенец на генерација. Ивона е единствениот странец кој бил избран за првенец на генерацијата.

Ивона е љубопитна и сака многу да истражува, посебно бидејќи има толку многу работи што научно не се докажани. Поради тоа продолжила со магистерски студии во областа на плaзмена физика каде по завршувањето повторно била избрана за првенец на годината.

Тогаш добив и благодарност од ректорот на универзитетот за континуираната научна работа затоа што во текот на моето 6-годишно студирање учествував на конференции, натпревари по физика и го претставував факултетот, а и универзитетот во најдобро светло

– раскажува таа.


Фото Факултети

Таа е многу задоволна од односот на професорите кои во ниту еден момент не ја третирале како странец и биле секогаш отворени за соработка.

Во моментов Ивона е на докторски студии по нykлeарно инженерство во Словенија. Сега од лабораторски услови се префрлила на компјутерска симулација на плазмата, т.е. симулација на честиците при различни надворешни услови.

Оваа млада физичарка соработува и со ИТЕР, светска организација посветена на искористување на плaзмата како нов вид енергија.

Ивона вели дека нема никаков контакт со научници од Македонија, и покрај тоа што би сакала да го искористи своето знаење за подобрување на нашето образование. Таа е свесна дека Македонија и покрај тоа што создава кадри, нема начин истите да ги задржи во земјата поради kaтастрофалните услови.

Таа сега е сконцентрирана на докторатот, а не ја исклучува можноста понатаму да работи за ИТЕР или во некоја друга научна установа во светов.

Можеби ќе се вратам во Македонија, никогаш не се знае, вели таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This