НАШЕТО ЧЛЕНСТВО НЕ ГО САКАШЕ ДУИ: По 2001-ва и нашето членство не го сакаше ДУИ па најдовме начин за помирување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе се оби­дам да сос­та­вам вла­да, но не по се­ко­ја це­на. Ако се оди по до­се­гаш­ни­те ус­та­но­ве­ни прин­ци­пи во Ма­ке­до­ни­ја, би тре­ба­ло да сос­та­вам вла­да. Ако се пре­кр­шат, с` е мож­но, ве­ли во ин­тер­вју­то за „Днев­ник“ ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, по по­вод плат­фор­ма­та што ја об­ја­ви­ја ал­бан­ски­те пар­тии од Ма­ке­до­ни­ја, а чие ис­пол­ну­ва­ње е ус­лов за тие да ко­а­ли­ра­ат со ед­на од две­те ма­ке­дон­ски пар­тии во ид­на­та вла­да. Еве не­кол­ку сег­мен­ти од ин­тер­вју­то кое со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го водеше Дарко Јаневски и кое што ќе из­ле­зе во ут­реш­ни­от број на вес­ни­кот.

gruevski-dnevnik

По­ме­ѓу ал­бан­ски­те пар­тии се кре­и­ра за­ед­нич­ка плат­фор­ма за нас­тап. Се соз­да­ва ат­мос­фе­ра овој пат да не ко­а­ли­ра­ат со ВМРО-ДПМНЕ?

-Да, пов­тор­но таа ат­мос­фе­ра ка­ко и во ми­на­то­то и се­га се соз­да­ва од ме­ди­у­ми­те и ли­ца­та што во­дат или при­па­ѓа­ат или се со­ра­бот­ни­ци на НВО фи­нан­си­ра­ни од Ин­сти­ту­тот от­во­ре­но оп­ште­ство. Вме­шу­ва­ње­то на не­кои стран­ски по­ли­ти­ча­ри и дип­ло­ма­ти во при­каз­на­та е дел од ис­та­та опе­ра­ци­ја, во­де­на од еден цен­тар. Се­пак, од­лу­ка­та ќе би­де на­ша, на ДУИ и на дру­ги­те пар­тии, и ни­кој не­ма пра­во да ка­же де­ка не­кој друг му су­ге­ри­рал или му вр­шел при­ти­сок за­тоа што на кра­јот фи­нал­на­та од­лу­ка е на­ша.

Мно­гу ал­бан­ски по­ли­ти­ча­ри и ана­ли­ти­ча­ри твр­дат де­ка ал­бан­ски­от елек­то­рат по­са­ку­ва вла­да во­де­на од СДСМ со ал­бан­ски­те пар­тии.

– Во 2008 го­ди­на ма­ке­дон­ски­от елек­то­рат, осо­бе­но вмров­ски­от, не са­ка­ше ко­а­ли­ци­ја на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се слу­чи нај­мно­гу за­тоа што Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја са­каа ДУИ да ги зас­та­пу­ва во вла­да­та.

Но овој пат и ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми се на ист став…

-Да, ис­то ка­ко во 2008 кај ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми.

Ве­лат и членс­тво­то на ДУИ не са­ка ко­а­ли­ци­ја со ВМРО-ДПМНЕ.

-Не знам да­ли та­ка раз­мис­лу­ва членс­тво­то на ДУИ, но знам ка­ко раз­мис­лу­ва­ше членс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ во 2008, па до­не­ка­де и во 2011 и 2014. Се­пак, ВМРО-ДПМНЕ то­гаш се од­лу­чи да ко­а­ли­ра со ДУИ, за­тоа што бе­ше очиг­лед­но од из­бо­ри­те де­ка мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни Ал­бан­ци са­ка­ат ДУИ да е во вла­да­та.

Не бе­ше та­ка во 2006 го­ди­на?

– Во 2006 го­ди­на не ни мо­же­ше да би­де по­и­на­ку ко­га не са­мо што во­оп­што не се поз­на­вав­ме ту­ку с` уш­те беа све­жи на­ши­те спро­тив­ста­ве­нос­ти од вре­ме­то на кон­флик­тот во 2001 го­ди­на, ко­га бев­ме на две спро­тив­ни за­во­ју­ва­ни стра­ни. Се­пак, и ние по­ли­ти­ча­ри­те, но по­доц­на и на­ши­те елек­то­ра­ти нај­дов­ме си­ла да ги над­ми­не­ме тие пре­диз­ви­ци.

Се­пак, ДУИ мо­же да до­не­се по­и­нак­ва од­лу­ка…

-ДУИ има пра­во да до­не­се как­ва са­ка од­лу­ка. Исто ка­ко и ние.

Са­ка­те да ка­же­те вие во ид­ни­на не би ко­а­ли­ра­ле со нив ако се­га до­не­сат од­лу­ка да не одат во ко­а­ли­ци­ја со ВМРО-ДПМНЕ ка­ко пар­ти­ја ко­ја до­би нај­мно­гу гла­со­ви и пра­те­ни­ци?

-Мис­лев ге­не­рал­но де­ка се­кој си но­си од­лу­ка са­ми­от, но ако са­ка­те ќе од­го­во­рам и на ова пра­ша­ње. Ако се­га ДУИ оти­де во ко­а­ли­ци­ја со вто­ра­та, на­мес­то со пр­ва­та пар­ти­ја, со по­ра­зе­ни­от на­мес­то со по­бед­ни­кот, се­ка­ко де­ка тоа ќе зна­чи вос­пос­та­ву­ва­ње ед­на но­ва прак­ти­ка и тра­ди­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, на ко­ја ние се­ка­ко ќе се прис­по­со­би­ме, не са­мо се­га, ту­ку и во ид­ни­на.

Зна­чи, са­ка­те да ка­же­те де­ка ако се­га ДУИ не ко­а­ли­ра со ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­ник, на след­ни­те из­бо­ри ако по­бе­ди­те не­ма да ги зе­ме­те во вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја.

-Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­та по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та.

Ка­ко и да е, шест ал­бан­ски пар­тии, од­нос­но три пар­тии и ед­на ко­а­ли­ци­ја сос­та­ве­на од три пар­тии, из­ле­гоа со за­ед­нич­ка плат­фор­ма.

– И ние и во ми­на­то­то и се­га, и во ид­ни­на ќе би­де­ме приб­лиж­но 25 пар­тии во ко­а­ли­ци­ја со за­ед­нич­ка плат­фор­ма. Ако са­ка­ме да ја иг­ра­ме иг­ра­та со плат­фор­ми, не­ма проб­лем, та­ка ќе те­ра­ме от­се­га.

Ах­ме­ти из­ја­ви де­ка за не­го нај­важ­ни се ин­те­ре­си­те на Ал­бан­ци­те и плат­фор­ма­та на си­те ал­бан­ски пар­тии?

– За ме­не нај­важ­ни се ин­те­ре­си­те и на Ма­ке­дон­ци­те и на си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Ал­бан­ци­те. Ина­ку, ве­ру­вам де­ка се свес­ни де­ка во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ, плат­фор­ма­та ко­ја им ја сос­та­ву­ваа, по­ли­тич­ки мо­же да му по­мог­не нај­мно­гу на СДСМ кај ал­бан­ски­от елек­то­рат.

А за­рем не­ма да им по­мог­не на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја?

– На Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја не­ма да им по­мог­не ако има­ат дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Дел­че­во, Бе­ро­во, Гев­ге­ли­ја или Ка­ва­дар­ци. Ним мо­же да им по­мог­не ако во на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни се от­во­рат уш­те 100 или 150 но­ви фаб­ри­ки, и се вра­бо­тат ил­јад­ни­ци лу­ѓе, ако стан­дар­дот поч­не да рас­те и има­ат по­у­бав и пок­ва­ли­те­тен жи­вот, ако по­рас­нат пен­зи­и­те, пла­ти­те, суб­вен­ци­и­те, со­ци­јал­на­та по­мош, ако се из­гра­ди пот­реб­на­та ин­фрас­трук­ту­ра, ако до­би­јат под­дрш­ка за град­ба на ку­ќи, ако се нап­ра­ват мно­гу ре­фор­ми и зем­ја­та се прид­ви­жи нап­ред.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This