НАШИТЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРИ, ТЕРОРИСТИ: Руското министерство за одбрана објави шпионска фотографија на која се гледаат Американски војници заедно со терористи на ИСИС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана на Русија објави фотографија од воздух, направена во подрачје во кое се наоѓаат борци на ИСИС северно од градот Дејр ел Зор во Сирија, каде јасно се гледа техника на американските специјални сили, фотографиите се објавени на официјалната ФБ страница на Министерството

„Со помош на фотографски снимки од воздух направени во периодот од 8.до 12.септември 2017 година во областа во која се наоѓаат вооружени формации на ИСИС забележан е зголеен број на американски оклопни возила „Хамер“, кои се наоѓаат во служба на специјалните сили на САД“, соопштува Министерството.


Министерството напоменува дека на фотографиите јасно се гледа дека специјалните сили на САД се лоцирани во упориштата кои претходно ги опремиле борците на ИСИС. Истовремено, околу тие објекти нема траги на јуриши, судири со терористи или кратери од нападите на меѓународната коалиција.

„И покрај фактите дека упориштата на американските вооружени сили се наоѓаат во подрачја каде што во моментот се распоредеи сили на ИСИС, не се гледаат траги на обезбедување околу нив. Тоа само укажува на тоа дека сите американски војници кои таму се наоѓаат се чувствуваат потполно сигурно во подрачја кои ги држат терористи“, заклучува Министерството за одбрана на Русија.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This