April 25, 2024, 12:03 pm

Најава за зголeмyвaње на даноците: Битиќи бара побoгaтитe да плаќaaт повеќе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богатите да плаќаат повисоки даноци, а персоналниот треба да се намали во одредени дејности, ова е ставот на Битиќи по вчерашната препорака од МАНУ да се зголемат одредени даноци како опција за побрзо закрепнување на економијата.

Иако прогресивното оданочување се одложи за 2023-та година Битиќи не ја исклучува можноста да биде воведено и порано. Сепак за сите даночни реформи ќе се чека да завршат консултациите кои најверојатно ќе траат шест месеци. Од дебатите со експертите ќе се знае дали има потреба и од воведување на кризен данок како што беше ситуацијата во 2001 година.

Иако од МАНУ препорачаа да се намалат непродуктивните трошоци, Битиќи смета дека набавката на 45 владини возила преку оперативен лизинг било во моментов најекономично решение. На денешната национална платформа за женско претприемништво беше истакнато дека за време на пандемијата над 17 илјади жени останале без работа и дека повеќе треба во иднина да се работи на унапредување на женското претприемништво иако нема официјално податоци колку жени имаат свој бизнис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This