НАЈАВЕНИ НОВИ ПPOTECTИ: Cyдската администрација ќе штрajкува ако не добијат додатоци на платите како cyдиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судската администрација ќе излезе на улица ако час поскоро не добијат еднакви додатоци на платите како за судиите. Од Синдикатот на работниците од управата и правосудните органи УПОЗ, велат дека ова следи откако судската администрација не ги добила исплатите на додатоци за плата за септември и октомври. Велат дека во знак на револт, наредната недела ќе организираат протест во сите судови, а размислуваат и за бојкот на работата, односно како велат таканаречен бел штрајк.


-Доколку бидеме игнорирани од страна на Судскиот буџетски совет, следната недела стапуваме во протест сите судови, а ќе размислуваме и за други начини на бојкот на работата и последното решение на синдикатот секогаш е штрајкот – рече генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски.
Синдикатите се револтирани зашто судиите земаат 6.000 денари, а судските службеници драстично помалку, односно 700 денари. Бараат корекција на додатоците на плати од Судскиот буџетски совет.

-Ваквата состојба предизвикува револт во редовите на вработените во судските службеници. Револтот произлегува бидејќи отсуствува критериум врз основа на кој една категорија на вработени во судовите се одделуваат од останатите вработени. Судската служба има легитимно право да бара од Судскиот буџетски совет одговор врз кој критериум една категорија на вработени е привилегирана и добива додаток на плата двојно повисок од судските службеници – рече Сашо Темелковски од Здружението на судски службеници.
Синдикатите реагираат и дека се уште не им се исплатени платите од 2016 година, за периодот додека протестираа. Станува збор за 40% од плата за месеците јуни и јули.

Инаку, од следната година вработените во јавниот сектор и правосудството ќе добиваат К-15, според договорот меѓу синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This