НАЈАВЕН „СЕМАКЕДОНСКИ“ ПРОТЕСТ: „СУМ“ најави голем протест за 26 април пред Собранието на Р.Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија, на 26 април 2018 година, во 18:00 часот, пред Собранието на Република Македонија, организира семакедонски народен протест за одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на Македонската нација и за ослободување на неправедно притворените и обвинетите за настаните на 27 април 2017 година („Родољубивиот четврток’’)

 

Соопштението го пренесуваме во целост:

СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА 26 АПРИЛ 2018 ГОДИНА

Македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија (Македонски манифест, Преродба, Став, Код, Ние, Наши, Христијанско братство, Тврдокорни, Македонското патриотско здружение „Васил Чакаларов“, Бригада, Македонско патриотско здружение „Пере Тошев’’ – Прилеп, Граѓанска иницијатива за одбрана на името Македонија и ослободување на неправедно притворените „Вевчани’’ – Вевчани, Граѓанските иницијативи за одбрана на името Македонија и идентитетот на македонската нација од Охрид, Битола, Велес, Кочани, Штип, Кавадарци, Мислешево), на 26 април 2018 година, во 18:00 часот, пред Собранието на Република Македонија, организира семакедонски народен протест за одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на Македонската нација и за ослободување на неправедно притворените и обвинетите за настаните на 27 април 2017 година („Родољубивиот четврток’’). Помина една година од обидот за срамно и шверцерско рекомпонирање на власта и уставно-правниот поредок на Република Македонија според таканаречената„тиранска платформа“.

Ги повикуваме сите државјани во Македонија и од македонските заедници во светот, што искрено ја сакаат Македонија, заедно да застанеме под едно знаме, да застанеме под еден дух-духот на нашите знајни и незнајни херои, да застанеме зад едно и единствено име-Македонија. И покрај разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот заеднички именител, само Македонија е нашиот заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно! На 26 април 2018 година сите Македонци, по род и државјанство, заедно, громогласно да кажеме, дека сме за „Една и единствена, заедничка и унитарна Македонија!“ Сите Македонци еден за друг!

СУМ – Сите за унитарна Македонија (Македонска координативна мрежа)
Скопје, 10 април 2018 година

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This