НАЈАВИ ЛИ ЗАЕВ БЕЗБЕДНОСНА KPИЗA НА БАЛКАНОТ: Заев сакал Македонија да се осигура, поради она што е на „повидок“ меѓу Приштина и Белград!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција им порача на новинарите да анализираат што се случува меѓу Приштина и Белград. Зборувајќи за уставните измени, за Законот за амнестија и за измените во Кривичниот законик, Заев се префрли на односите меѓу Србија и Косово, порачувајќи дека Владата работи транспарентно и во насока да ја осигура стабилноста на државата.

-Ова го правиме за да успее Македонија, да обезбедиме траен мир и стабилност. Анализирајте малку што е тоа што е на повидок меѓу двајцата наши соседи на северот, меѓу Приштина и Белград. Македонија треба да си ја осигураме. Чесно ги водиме политиките и транспарентно. Критиките знаеме да ги слушнеме и да се корегираме. Тоа е слобода и демократија за која се бориме – рече Заев.

Во последните неколку месеци, односите помеѓу официјален Белград и привремената владат на Косово се затегнати, особено по убcтвoтo на српскиот претставник на Косово, Оливер Ивановиќ и формирањето на косовска армија.

Премиерот на привремените институции на Косово Рамуш Харадинај пак, потпиша указ со кој ги зголеми увозните давачки за стока од Србија за 100%, што предизвика  и трговска вojна помеѓу Белград и Приштина.

Европската Унија која го води процесот на преговори помеѓу двете влади повика на смирување на тензиите, но наиде на ѕид, откако новоформираната косовска војска најави дека ќе стационира свои трупи на северот на Косово каде што живеат Срби, кои имаат автономен статус.

Српската влада пак, распореди силни воени сили на линијата на раздвојување со Косово, а како што вели српскиот претседател Вучиќ, спремни се да реагираат итно на секаква реакција или загрозување на животот и слободата на Србите на Косово.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This