НАЈБЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ: Македонија дури на 65 место!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светот денес е најбeзбеден во последниве пет години, но останува значително помалку сигурен во споредба со периодот од пред една деценија, се наведува во најновото истражување на австралискиот Институт за економија и миp.

Институтот секоја година објавува глобален индекс на миpот, врз основа на кој се рангирани земјите од „најбeзбедна“ до „најнeбезбедна“.

Единаесетта година по ред Исланд е најбезбедна земја во светот, а на последното место на листата, исто како и лани, е Авганистан. Македонија е рангирана на 65-то место. Меѓу првите 25 земји на листата дури 17 се од Европа.

Во осумте најнебезбедни земји, каде ризиците поврзани со климата се најголеми, живеат околу 103 милиони луѓе.

На листата се рангирани вкупно 163 земји, а првата „десетка“, покрај Исланд, ја сочинуваат и Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Словенија, Јапонија и Чешка.

На дното на листата е Авганистан, а пред него се Сирија, Јужен Судан, Јемен, Ирак и Сомалија, рангирани од 163 до 158 место.

Од поголемите држави, Русија е на 154-то место, Турција на 152, Украина на 150, САД на 128, Кина на 110, Франција на 61, Велика Британија на 46, Италија на 39, а Германија на 22 место.

Од земјите од регионот најдобро пласирана е Романија на 25 место, Бугарија е на 26, Хрватска на 28, Србија на 50, Албанија на 51, Грција го дели 65-то место со нашата земја, Црна Гора на 67, Босна и Херцеговина на 81, а Косово на 86 место.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This