НАЈБОГАТАТА НАЦИЈА ВО СВЕТОТ: Швајцарија убедливо на прво место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До средината на 2019 година, средствата по глава на жител во Швајцарија беа 564.650 американски долари, што претставува зголемување од 17.790 долари во однос на минатата година, според истражувањето за глобалното богатство на швајцарската банка Кредит Свис.

Ова ја става Швајцарија пред Соединетите американски држави, каде средствата по глава на жител се зголемија за 11.980 американски долари од средината на 2018 година. Во Јапонија, се зголемија за 9.180 долари и Холандија, каде што зголемувањето беше 9.160 долари. Главниот губитник е Австралија, која доживеа пaд од 28.670 долари од средината на 2018 година.

Според Кредит Свис, од 2000 година, средствата по глава на жител во Швајцарија се зголемени за 144 проценти. Сепак, голем дел од тој раст се должи на апрецијацијата на франкот во однос на доларот, особено во годините 2001-2013.

Во швајцарските франци, богатството на домаќинствата порасна за 45 проценти помеѓу 2000 и 2019 година, просечна годишна стапка од два проценти, пренесува Б92.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This