Најбрзо растечка верска група во Америка е групата која не верува во “ништо посебно”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во април 1966 година, магазинот Тајм објавил насловна страница со прашањето „Дали е Бог мртов?“ и предизвикал гнев ширум САД. Но, денешната религиска сцена повеќе не е толку исклучива.

Според неодамнешното истражување на аналитичката и консултантска компанија „Галуп“, за првпат во историјата поголем дел од Американците не припаѓаат на ниту една црква.

„Официјално живееме во паганска нација“, изјавил уредник на едно католичко списание.

Подгрупа која не верува во „ништо посебно“

Експертите за истражување на јавното мислење го припишуваат падот на членството во црквите на порастот на оние кои не се поврзуваат со религиозни институции, што сега претставува една третина од населението. Но, нивната подгрупа односно оние кои (не) веруваат во „ништо посебно“ е таа која го прекројува американскиот верски крајолик.

Иако таквите луѓе обично се сместуваат во група на атеисти и агностици, тие се двојно побројни од нив, односно речиси секој четврти Американец не верува во „ништо посебно“ и таквото сфаќање на сопствената религиозност расте побрзо од која било верска група, пишува „Economist“.

Таков став имаат повеќето луѓе на средни години

Како што кажува и самиот назив, карактеристика на оваа група е одбивноста кон дефинирањето.

За разлика од атеистите и агностиците, од кои повеќето се млади мажи, во „ништо посебно“ воглавно спаѓаат оние средовечните и има еднаков број мажи и жени. Повеќето од нив веруваат во Бог, а една третина повремено одат во црква. Сепак, тие ја отфрлаат припадноста кон која било верска група и се скептични кон институционалните авторитети.

Аналитичарот и политиколог Рајан Бурџ вели дека припадниците на групата „ништо посебно“ во просек се најниско образовани од која било поголема верска група; само секој петти има факултетска диплома или виша квалификација. Речиси 60 отсто од нив заработуваат помалку од 50.000 долари годишно. Што се однесува до политиката, тие не заземаат страна и ретко учествуваат во политички активности како протести или донирање пари за кампањи.

„Апатија е зборот кој ми паѓа напамет“, вели Бурџ.

Нивниот број се зголемил за 60 отсто

Додека бројот на христијани во Америка се намалува, групата „ништо посебно“ расте со фасцинантна брзина. Од 2008 година, кога експертите започнале да ги следат, нивните редови се зголемиле за 60 отсто.

Бурџ смета дека за тоа има две причини. Прво, како што се менува американскиот верски состав, станува поприфатливо еден човек да не се идентификува како христијанин. Од друга страна, можеби „ништо посебно“ помалку се однесува на оние кои ја напуштаат организираната религија, а повеќе на оние кои откриле дека всушност никогаш не ни биле дел од неа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This