Најважно е да се сретнат за да се спречи нуклеарна војна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов изрази надеж дека односите меѓу Русија и Европската унија ќе се подобрат, објави во саботата руската новинска агенција Интерфакс.

Горбачов, последниот лидер на Советскиот Сојуз и добитник на Нобеловата награда за мир во 1990 година, рече дека може да се најде заеднички јазик и покрај тоа што односите биле на најниска точка од Студената војна.

„Нема потреба да се плашиме од преговори“, рече Горбачов за Интерфакс. „Само преговори, само состаноци на сите нивоа – особено на највисоко ниво – можат да донесат позитивни резултати. Верувам во тоа.“

„Треба да разбереме дека сите ние сме Европејци … тоа значи дека треба да преговараме“, додаде тој.

Во интервју за Интерфакс, Горбачов, кој во вторник ќе го прослави својот 90-ти роденден, исто така ги повика рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега eо Бајден да одржат лице в лице средба и нови разговори за нуклеарно разоружување.

„Главната работа денес е да се спречи нуклеарна војна“, истакна Горбачов. „За да постигнеме напредок, треба отворено да се приближиме.

Тој рече дека неговото искуство со американскиот претседател Роналд Реган во 80-тите години на минатиот век покажа дека лидерите на двете главни нуклеарни сили може да постигнат многу во глобалните безбедносни прашања, ако сакаат

Вашингтон и Москва потпишаа неколку договори за разоружување додека Горбачов беше на власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This