Најголемата заблуда на Хроно диетата според нејзиниот творец Д-р Делабо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Креаторот на една од најпопуларните диети во светот – Хроно режимот на исхрана, французинот д-р Ален Делабо за Телеграф.рс откри зошто овој начин на живот е добар, што е тајната, и кои се најголемите заблуди кога станува збор за ваквата исхрана.

– Една од најголемите заблуди е дека Хроно исхраната содржи премногу протеини, додека други имаат напишано за тоа како воопшто не содржи протеини. Ова нема никаква врска со вистината, затоа што количината на протеини е индивидуална и зависи од потрошувачката на енергија, а со тоа и луѓето се справуваат со количината на протеини и ја прилагодуваат.

Тој се обидувал 50 години да најде начин да ја балансирана исхраната, и не успеал. И тогаш тој, сосема случајно дошил до оваа диета, бидејќи бил месар, а во исто време требало да изгуби 30 кг, кои ги добил откако ги оставил цигарите.

-Тајната е дека никогаш не се обидувате да изгубите тежина, туку само почнувате да јадете правилно, а потоа се си доаѓа само по себе – вели Делабо. Тие што имаат вишок, ќе изгубат тежина, а ако има недостиг, ќе дојдат до идеалната.

Ова е еден од неговите рецепти:

Појадок – јајца и сирење со леб, со путер и маслиново масло

Ручек – стек, помфрит и некој сос

Оброк – авокадо и ставете џем или мед внатре

Вечера: рибасо салата, некој сос

Може да се пие вода, исто така, кафе и чај, а шеќерот е забранет.

Деновиве дознавме каков треба да биде појадокот, каков ручекот и вечерата во Хроно-режимот на исхрана, како и кои се 20-те наједноставни правила за слабеење со Хроно- режимот.

Веќе утре продолжуваме со нови откритија од Хроно исхраната. Следете не и споделете го Вашето искуство.

Фото, Уљеша Рашчевиќ, телеграф.рс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This