НАЈГОЛЕМОТО ЦРКОВНО ЅВОНО ЌЕ ОДЕКНЕ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: 12 ѕвона од кои најголемото 8.3 тони ќе биде поставено во црквата „Св.Константин и Елена“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија велат дека е неблагодарно да се каже со сигурност кога ќе биде готов храмот бидејќи се одвиваат специјални уметничко-занаетчиски работи што не може да се предвидат со конкретен рок, пишува порталот skopjeinfo.mk.
sveti-kostantin-i-elena-630x473

Моментно таму се слика фрескоживописот.

Бобан Митевски, презвитер во кабинетот на архиепископот Стефан вели дека фрескописот го работат тајфа зоографи од Украина и тој е веќе 50 проценти поставен.

– Фрескописот се работи во византиски стил и е според македонската школа. Проучуван е фрескописот во византискиот период преку нашите најрепрезентативни споменици, како што се храмовите „Свети Пантелејмон“ во Нерези, „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и „Свети Ѓорѓија“ во Старо Нагоричино – објасни Митевски.

Во подрумскиот дел на црквата се предвидува амфитеатар, простории за функционирање на храмот (свештенички и административни канцеларии), крстилница и еден помал параклис.

На камбанаријата на „Свети Kонстантин и Елена“ се поставени 12 ѕвона, што според презвитер Митевски е најголем спој на камбани забележани во Македонија, освен во Бигорскиот манастир. Тие ќе одекнуваат кога црквата комплетно ќе се заврши.

Ѕвоната, кои се изработени во Австрија, ќе продуцираат тонови во три октави. Проектот за ѕвоната го изработија архитектите Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“, кои го изработија и идејното решение и основниот проект за изградбата на храмот, а рускиот проектант Марк Галтерин го изработи проектот за звучниот сет.

Централното ѕвоно е тешко 8,3 тони и е најголемото ѕвоно на Балканот. Второто по големина е тешко 3,5 тони, а третото 2,3 тона. Сите 12 ѕвона ќе бидат наместени да произведуваат различни мелодии. Една мелодија ќе се произведува за големите празници, а друга ќе биде за во неделите.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This