Најдобрата одбрана на испит против најдобриот напад во ЛШ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот ракометен првак Вардар го чека важен меч во Лигата на шампионите, против Барселона, на домашен терен во Скопје, на кој ако се победи, ќе се направи важен исчекор кон освојување на првото место во групата „А“ кое води директно во четвртфинале.

Барселона игра моќно оваа сезона, а Вардар, иако потценет, се наоѓа меѓу најдобрите екипи во ЛШ. Во елитата има само еден пораз, од Киелце на гостински терен, а експертите останаа изненадени од добриот старт на тимот на Парондо.

Вардар се уште игра со препознатливиот свој знак – ја има најдобрата одбрана во Лигата на шампионите, со само 155 примени гола на сите досегашни средби. Барселона, пак, го има најдобриот напад, со 204 гола.

Кога се работи за историјата на двата тима, Барселона е далеку подоминантна во однос на Вардар. Каталонскиот гигант има 16 меча по ред со победа во сите натпреварувања, а од меѓусебните дуели со „црвено-црните“, Барса има 10 победи на 13 меча, но на последниот меѓусебен дуел не мина добро, затоа што Вардар на Ф4 во ЛШ успеа да слави со 26-25.

Токму Барселона е тимот кој на Вардар му го има нанесено најтешкиот пораз во ЛШ. Во 2003 година, македонскиот претставник загуби од шпанскиот тим со 41-19. Натпреварот меѓу Вардар и Барселона се игра од 17:00 часот, а билетите се одамна распродадени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This