Најдолговечната британска владетелка слави роденден: Еве колку полни денес кралицата Елизабета

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без разлика на своите години, кралицата ревносно ги извршува своите службени должности, иако во последните години некои задолженија ги пренела на други членови од семејството, пред се на својот син Чарлс и внуците Вилијам и Хари.

Кралицата Елизабета II, најдолговечната британска владетелка, денес го слави 93-от роденден.

Како и секоја година во чест на нејзиниот роденден ќе одекне почесна стрелба на кралската стража од лондонскиот Тауер и Хајд Парк.

Британската кралица слави роденден два пати: 21 април на датумот на својот роденден, и втората сабота во јуни кога во нејзина чест се организира парадата „Trooping the Colour“.

Еве како изгледало славењето на нејзиниот роденден низ годините..

Елизабет Александра Мери Виндзор е родена на 21 април 1926 година во Лондон. Кралица станала на 6 февруари 1952 година кога имала 25 години.

По владеачки стаж уште на 9 септември 2015 ја надмина својата прабаба Викторија (1837-1901), која владеела 63 години, седум месеци и два дена. Со принцот Филип 68 години била во брак.

Анкетите покажуваат дека и понатаму е популарна меѓу Британците, а кралските советници велат дека е малку веројатно дека ќе абдицира (ќе се откаже од престолот).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This