Еве уште еден доказ дека најдобрите работи се всушност и најједноставни. Овој рецепт за колач е стар повеќе од 6.000 години. Се споменува дури и во Хомеровата Илијада, познат е како грчи појадок, а доаѓа од подрачјето на Грција, Египет и Блискиот Исток.
Денес е познат како пастели, а се подготвува само од две состојки- паста (тахини) од семе од сусам и мед.
Колачот е многу вкусен и многу здрав. Комбинацијата на здравиот мед и здравиот сусам , имаат голема предност- ја чисти крвта, го подигнува имунитетот и е одличен антиоксиданс.
Всушност-комбинацијата на медот и пастата од сусам содржи дури 182 елементи, корисни за нашето здравје, а имаат посебно голема концентрација на антиокциданси кои го спречуваат развојот на рак и други тешки заболувања.
Пастелите се конзумирале со векови, но чудното е што во модерното време рецептот некако се изгуби.
Потребно Ви е само:
300 грама мед
300 грама паста од сусам (тахини)<
Подготвување:
Добро измешајте ги двете ссотојки, направете од нив топчиња, извалкајте ги во сусам, оставете ги во фрижидер за да се стегнат и уживајте.
Една топка дневно ќе Ви ја даде потребната енергија, ќе ја намали напнатоста, ќе Ви ја подобри крвната слика, и ќе Ве излекува.
Толку едноставно, проверено, толку стар рецепт- навистина заслужува да се извади од пепел.