April 24, 2024, 11:14 am

Најздравиот напиток за долг живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сокот се прави од морков, јаболко, лимон и ѓумбир и има одлично дејство врз вашето здравје!

Сите состојки претходно измиени, ставете ги во соковник и добиениот сок испијте го веднаш.
Зошто?

Морковот го поправа видот, превентивно делува против карцином, кожата ја подмладува и ја прави еластична и здрава, делува одлично за срцето, го чисти телото, добар е за забите и непцата.

Јаболкото го јакне имунитетот, го потпомага слабеењето при вишок телесна тежина, ја стимулира работата на бубрезите, црниот дроб и жолчката, штити од болести на усната празнина, ја стимулира дигестијата, го штити срцето и крвните садови, помага при стрес, умор и несоница, штити од бактерии и вируси, спречува неколку видови рак.

Лимонот го чисти црниот дроб и ја стимулира неговата работа, претставува природен антисептик и антиоксиданс, спречува грип, настинки и многу други инфекции, помага при колики и желудечни тегоби, ја помага дигестијата, поттикнува создавање на ензими во црниот дроб, ја нормализира работата на цревата и го олеснува нивното празнење, спречува гингивитис и стоматитис, помага за регулирање на крвниот притисок и го зголемува нивото на добриот холестерол, спречува грчеви и болки во мускулите, го регулира метаболизмот, штити од стрес и депресија, го намалува ризикот од мозочен удар, спречува појава на бубрежни и жолчни каменчиња, штити од остеопороза.

Ѓумбирот ги ублажува желудочните тегоби и надуеноста, ја стимулира секрецијата на слузта, ја ублажува кашлицата и ја олеснува болката во грлото, ја олеснува мачнината, посебно морската болест, утринска мачнина, мачнина предизвикана од патување и мачнина предизвикана од хемотерапија, поседува антибактериски, антигабични и антитоксични својства, па поради тоа се користи како превенција од грип и настинки. Ѓумбирот исто така е антихистамински својства и поради тоа се користи при алергии, а бидејќи има антивоспалителни својства, се користи и при лекување на ревматоиден артритис, остеоартритис и други болести на мускулно коскеното врзивно ткиво.

Содржи ензими кои се одговорни за катализација на протеините во храната, што значи дека ја подобрува дигестијата, спречува грчеви и појава на чир и оштетување на слузницата. Го намалува нивото на холестеролот и спречува создавање на крвни згрутчувања, а се користи и за лекување на дигестивни болести како што се диспепсија, колика и дијареа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This