Најмалку двајца зaгинати и триесетина поврeдени во cудир на два воза во Чешка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку две лица зaгинаа, а околу 30 се повредени во судир меѓу два воза во северозападниот дел на Чешка.

-Судирот на возовите се случи недалеку од границата со Германија, изјави портпаролот на чешката служба за итни случаи, пренесуваат британските медиуми.

Несреќата се случила околу 15 часот по локално време меѓу станиците Нова Хамри и Пернинк, јавуваат американските медиуми.

Возовите се движеле меѓу Карлови Вари во Чешка и Јохангеоргенсштад во германската покраина Саксонија.

Меѓу спасувачките екипи се вклучени и тимови од Германија, а засега не се знае колку точно патници имало во двата воза. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This