Најмалку двајца зaгинaти во двојна eкcплoзијa пред вoeнa бoлницa во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две лица загинаа, а осум се повредени во двојна експлозија во близина на воена болница во авганистанската северна провинција Балк.

По првата откако пристигнала полицијата експлодирала уште една бомба при што се повредени пет полицајци и четворица цивили. Еден цивил и еден полицаец подоцна починаа во болница.

Во меѓувреме во авганистанската источна покраина Нангархар загинаа двајца граничари, а девет лица се повредени при напад на талибанците.

Изминатите недели талибанците ги интензивираа нападите врз авганистанските безбедносни сили и покрај тоа што талибанците во февруари потпишаа мировен договор со САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This