March 29, 2024, 10:01 am

НАЈМАЛКУ ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР: Член на ДИК кој ќе биде фатен во изборен криминал ќе добие најмалку пет години затвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се вклучат во изборен криминал им се заканува затворска казна од најмалку пет години. Ова е предвидено во членот 353 од Кривичниот законик, во делот за кривични дела против злоупотѕреба на службената должност, односно злупотреба на службената положба и воластување.
krivicen-640x650

-Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години, се вели во Член 353 став 1 од Кривичниот законик.

-Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години, стои во Член 353 став 5 од Кривичниот законик.

zatv

-Службено лице или одговорно лице во орган на државна управа или друго правно лице кое со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години и со парична казна, се вели во Член 353-в став 5.

Ваквото кривично дело би било потврдено со дејствија кои што евентуално би биле преземени од страна на членови на ДИК, кои ќе се манифестираат со злоупотреба на службената положба и овластување со цел на одредена политичка партија противправно да и се доделат дополнителни мандати.

Мандатите би се доделиле со незаконско прифаќање на неиздржани приговори кои се однесуваат на гласање, сумирање и утврдување на резултатите преку донесување на решение за прегласување на одредени избирачки места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This