Најмалку шеcт цивили зaгнaa, пoвeќe лицa ce пoвpeдeни вo ekcплoзиja вo Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку шест цивили загинаа денеска во експлозија во северозападна Сирија, соопштија локални извори.

Околу 25 лица се повредени кога автомобил – бомба експлодираше во индустриската зона во Африн, велат извори.

Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но најверојатно е извршен од ЈПГ/ПКК терористичка група.

Африн во најголем дел е расчистен од присуството на терористичката група на ЈПГ/ПКК во 2018 при големата антитерористичка офанзива на турската полиција во акцијата „Маслиново гранче“, но терористичката група има заостанати келии.

Терористите на ЈПГ/ПКК продолжуваат да извршуваат напади но не преземаат одговорност и го тероризираат цивилното насление, соопштија локални безбедносни извори.

Терористичката група, која напаѓа од отцепените сириски региони Тал Рифат и Манбиј, често ги таргетира Џарабулус, Азаз, Африн и Ал-Баб.

Во текот на над 30-годишната терористичка кампања против Турција, ПКК – означена како терористичка организација и од Турција, САД и ЕУ – и е одговорна за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои жени, деца и бебеиња.

ЈПГ е сириска испостава на ПКК – Курдската работничка партија.

Од 2016 година, Турција лансираше успешни антитерористички операции долж границата со северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирен живот на населението како „Штитот од Еуфрат“ (2016), „Маслиново гранче“ (2018) и „Мирна пролет“ (2019).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This