April 19, 2024, 12:27 pm

НАЈМОЌНАТА РАКЕТА ВО СВЕТОТ ДОБИ ИМЕ: „Буревестник“, „Посејдон“ и „Пересвет“ се новите кошмари на НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русите за прв пат во историјата на руската армија со гласање ги избираа имињата на за новото руско оружје, кое неодамна во обраќањето пред нацијата го претстави Владимир Птуин. Така новата крстосувачка ракета го доби името „Буревестник“, ласерскиот комплекс е наречен „Пересвет“, а беспилотниот дрон – „Посејдон“

Необичната акција на сајтот на руското Министерство за одбрана привлече околу осум милиони Руси. Гласањето траеше 22 дена, а е организирано на предлог на рускиот претседател.

Фаворит на гласањето била крстосувачката ракета, за која се предложени повеќе од 100.000 имиња, а доби и убедливо највеќе гласови.

За секоја врста на оружје Русите дадоа стотици илјади креативни предлози, а идеите стигнуваа и од познати Руси.

Потпретседателот на Советот на Федерацијата Николај Фјодоров предложил два назива – „Американска фантазија“ и „Поларна лисица“, а помошник рускио претседател Владислав Сурков рекол дека оружјето може да се нарекува „Гиви“ во чест на убиениот командант на батаљонот „Сомали“ од Донбас Михаил Толстих.

Во Русија е традиција на оружјето да се даваат имиња која започнала во 16. век, кога царот Алексеј Михајлович со свој указ на борбениот брод му доделил име „Орел“.

Пересвет бил монах на манастирот Тројица-сегијевски, а посебно се прославил во Битката на Куликовското поле, една од најзначајните битки во руската историја, која се одиграла на 8. септември 1380. година против татарската златна орда.

„Моќ и големина во едно“, коментирал Борисов.

Подводниот дрон „Посејдон“ го добил името по богот од грчката митологија.

Крстосувачката ракета го добила називот „Буревестник“ по птицата, која според зборовите на Борисов, може да совлада големи растојанија, а со тоа „буревестник“ и, благодарение на песната на Максим Горки, е симбол на протест во името на правдата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This