April 26, 2024, 10:02 pm

Најнови детали од Софија: Бугарија не отстапува од рамковната позиција, но се пoжали на пpитиcoк од меѓународната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проблемите со Македонија можат да се решат само на билатерална основа и без мешање, рече привремениот премиер Стефан Јанев, кој вчера го прими својот албански колега, Еди Рама, во резиденцијата во Бојана.

Рамковната позиција за Македонија е онаа за која Бугарија се залага и според Јанев билатералните проблеми не треба да се решаваат на меѓународно поле.

Бугарската декларација односно рамковната позиција опфаќа дваесетината точки од кои најконтроверзно е барањето во контекст на ЕУ во документите не смее да се споменува македонскиот јазик, а во македонските историски учебници и споменици да не се употребува синтагмата „бугарски фашистички окупатор“, со што воедно ја негираат историјата.

Од друга страна пак, односите на Бугарија со Албанија, на средбата беше оценето дека се развиваат добро, во однос на немањето отворени прашања помеѓу двете држави, за разлика од проблемот на Бугарија со македонскиот јазик, малцинство и македонскиот идентитет кој во континуитет се обидува да ги оспори со тврдењето дека македонскиот идентитет е вештачка (југословенска) конструкција од 1945 година, односно дека сите усвоени обележја на македонскиот идентитет треба да се ревидираат како бугарски.

На средбата помеѓу албанскиот и бугарскиот премиер беше оценето дека европскиот пат на Македонија и на Албанија е отворен, што во пракса се коси со процесот.

Албанскиот прмиер Еди Рама рече дека неговата земја не зазема страна.

– Се надеваме и ги поддржуваме двете земји – РС Македонија и Бугарија да разговараат и да го решат проблемот едни со други. Се разбира, ЕУ прави големи напори, но тоа зависи од Бугарите и од Македонците. Не можам да заземам страна за работите да не се искомплицираат, рече Рама.

Во меѓувреме, Португалија достави предлог за решавање на спорот на Македонија со источниот сосед, чии позиции воопшто не се променија и покрај изјавите на бугарските преставници дека земјата е отворена за дијалог со Македонија.

Предлозите на португалското претседателство не и се достапни на јавноста, за што опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе на протести со барање за увид во преговорите со Бугарија. Според информациите кои партијата ги добива од Брисел, но и од Софија премиерот Заев и специјалниот претставник за Бугарија, Владо Бучковски се на пат да го зададат последниот удар на македонските национални интереси, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската посебност, историја, традиција и култура.

За потсетување, во 2019 година Бугарското Народно собрание ја усвои декларацијата со која на Македонија и Албанија им се одобрува да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија. Во декларацијата се опфатени условите, а воедно и закани што ѝ се поставуваат на Македонија, со кои се задира во македонскиот јазик, малцинство и македонскиот идентитет.

Оние што се на власт мора да преземат решителна акција против корупцијата на сите нивоа во бугарското општество, за да покажат дека имаат сериозна желба да се справат со неказнивоста и митото, вели амбасадорката на САД во Бугарија Херо Мустафа.

Свесни сме дека овие активности нема да го решат проблемот со корупцијата во земјата. Сепак, тие се знак за светот дека нема да се толерира употреба на државни институции за лична корист. Се надеваме дека тие ќе ја стимулираат Бугарија да ги спроведе потребните реформи за зајакнување на нејзините институции и конечно да се ослободи од штетното олигархиско влијание, вели американската амбасадорка во Софија Херо Мустафа, во изјава за „24 часа“, откако САД воведоа санкции за влијателни личности и организации во Бугарија.

Ваквата изјава на американската амбасадорка многу лесно може да се протолкува како притисок врз бугарските политичари.

Таа оценува дека за да може Бугарија да го достигне својот целосен потенцијал, нејзините лидери мора пред сè да го поддржуваат владеењето на правото, гарантирајќи дека парите не можат да влијаат врз судството и законот да им служи на сите граѓани подеднакво. Бугарија и нејзините граѓани, како што додава, имаат должност и одговорност да ја искоренат системската корупција и да ја ослободат земјата од олигархиска контрола.

„Оние што се на власт мора да преземат решителна акција против корупцијата на сите нивоа во бугарското општество, за да покажат дека имаат сериозна желба да се справат со неказнивоста и митото. Тие мора да се посветат на одржување на натпартиско, функционално судство и ефективни антикорупциски механизми. Спроведувањето на реформата, во согласност со владеењето на правото, со сите расположиви јавни ресурси, не е лесен процес, но со одлучни активности на државниот врв, граѓанското општество и граѓаните, ќе се исцрта патот до успехот“, вели Мустафа.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This