April 27, 2024, 12:17 am

Најнови информации: Активни пожари на повеќе локации, запалени 3 куќи во с.Побожје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија во моментов активни пожари има на повеќе локации локации и тоа кај с Будинарци, Берово, кај селата Раовиќ – Буковиќ, Сарај, Скопје, кај с.Побожје, Скопје, кај с.Дивље – м.в.Крушје, Петровец, Скопје, кај с.Топлица и с.Средорек Прилеп, кај с.Агино, Куманово, кај с.Девич и с.Слатина, Македонски Брод. Под контрола е пожарот кај с.Герман, Крива Паланка, а локализирани се пожарите кај селата Мршевци и Дељадровци, Илинден, Скопје, кај с.Нов Истевник и село Разловци Делчево

Пожарот кој започна кај м.в.Бeјаз Тепе (опш.Пехчево) се прошири кон с.Будинарци (опш.Берово), е сѐ уште активен, но е под контрола.
Пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ е активен и на истиот интервенирано е со авион во 3-4 наврати. Во 14:45 часот од ловиштето Јасен известиле дека пожарот се префрлил и на територијата на ловиштето. Од страна на директорот на НП Јасен ќе биде испратено барање за дејствување од воздух.

Во с.Побожје запалени 3 куќи и на лице место одат од БППЗ на град Скопје со командирот.

Интензитетот на пожарот кај с.Дивље е намален, но состојбата може и да се промени. Пожарот е насочен кон Средно Коњаре.

Пожарот кај с.Топлица е активен кон с.Крстец. Немаат останати информации поради недостапност од лицата на терен.

Од 11:55 часот пожар на сува трева и стрниште во Агино село. Интервенира ТППЕ Куманово со 6 пожарникари и 2 ПП возила.

Од попладневните часови повторно се активирал пожарот кај с.Девич. Раководителот на РЦУК М.Брод е упатен на терен и по увид во состојбата ќе достават информација.

Од 14:30 часот пожар во атарот на с.Слатина каде гори нискостеблеста шума и сува трева. АКТИВЕН
Интервенираат ТППЕ Македонски Брод со 5 пожарникари и 1 ПП возило.

Од 13:05 часот запалено стрниште кај с.Средорек. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

ТППЕ Ранковце известува дека пожарот кај с.Герман кој беше локализиран во 01:15 часот на ден 10.08.2021 година, се уште не е ликвидиран, т.е. горат остатоци од гранки и дрва. На лице место се присутни 2 пожарникари, 20 вработени во ШС Осогово и 2 од гранична полиција. Пожарот е под контрола и не постои можност од проширување.

Пожар кон селата Мршевци и Дељадровци каде гори сува трева и е во близина на рафинерија ОКТА. Екипите го локализирале пожарот и се работи на негово целосно ликвидирање.

На пожарот кој беше кај с.Нов Истевник, сега кај с.Разловци, м.в.Ѓорѓовски колиби, од околу 08:45 часот имаше задимување во дабова шума. Пожарот е изгаснат во 13:00 часот, а интервенирал и хеликоптер на АРСМ. Наведените екипи се уште се на лице место и контролираат повторно да не се запали од ветерот.

БППЗ на град Скопје известува дека во моментов имаат неколку пожари на отворено, кои се претежно за запалена сува трева и ѓубришта на различни локации. Сите пожари се со помал ризик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This