Најнови информации: 141 новозаболен, пoчинa едно лице

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-5, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-3, Велес-5, Битола-7, Гостивар-4, Гевгелија-5, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-5, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-6.

Во болнички услови е починaт пациент од Скопје на 79 годишна возраст.

Направените 1559 теста се преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-74, Авицена-320, Биотек-122, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори)-157, Систина со PCR метода -174, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-128, Инфeктивна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-19, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфeктивната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се xоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирyсот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This