НАЈНОВО РУСКО ВОЕНО ЧУДО: Русите измислија „невидлив војник“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската државна компанија „Ростех“ на овогодинешниот саем за оружје „Армија-2018“ го претстави прототипот на новиот материјал за активна камуфлажа на војници и воена техника, материјалот медиумите го нарекоа „Камелеон“ и „Ново воено чудо“.

Станува збор за специјален камуфлажен премаз кој ги поприма боите од пошироката околина, на тој начин се претопува со околината и униформата на војниците или воената опрема стануваат „невидливи“ за човечкото око. Се работи за најнов Руски изум создаден за потребите на војската, а по барање на Министерството за одбрана.

Како што објави шефот на „Ростех“ Сергеј Чемезов, направениот прототип е електронски контролиран и е во состојба да ја менува бојата во зависност од камуфлажната површина и околина и во иднина ќе се нанесува на воената техника и униформи на Руската армија. Материјалот може на својата површина да прикажува сложени графички прикази како на пример лист кој трепери на ветер или да рефлектира промена на бојата во зависност од интензитетот на светлината како би се вклопило подобро со околината.

Посетителите на саемот „Армија-2018“ веќе имаат можност да ја видат иновацијата, во павиљонот на компанијата „Ростех“ изложен е „невидливиот“ воен шлем, производителите најавуваат дека во иднина истиот ефект ќе може да се постигне и со далеку поголеми површини.

„Со помош на овој премаз, можно е тенк и цела борбена опрема да се направат „невидливи“, може да се премачка облеката и оружјето како и целата борбена техника“, нагласија од „Ростех“

Премазот лесно се нанесува што овозможува да се поправи наносот и на терен, Неколк стотини грама од премазот се доволни за премачкување на квадратен метар.

Се очекува „Камуфлажата-камелеон“ да биде дел од опремата на Рускиот „војник на иднината“.

Имено, овој камуфлажен состав, иако не е познато на кој начин точно функционира, дел е од програмата за подобрување на војничката опрема „ратник-3“.

„Ростех“ објави дека досега на Руската армија и доставил повеќе од 120 000 комплети од опремата „Ратник“ од првата и втората генерација.

Во „Ратник“ од третата генерација ќе биде интегриран и егзоскелетот, микророботи и безпилотни летала за надгледување на територија, со што ќе биде практично непобедлив на бојно поле.

„Ратник-3“ ќе добие и часовник кој може да „преживее“ и нуклеарна експлозија, а и падобран Д-14 и специјални обувки, кои ќе бидат отпорни на мини.

Часовникот кој е опремен со механизам за самонавивање, брзо и точно одредување на време во сложени климатски услови (од -40 до +50 степени целзиусови). Има модификација со која е отпорен на вода. Вкупната тежина на часовникот со се ременот не преминува 100 грама, а работниот век му е минимум 10 години.

Воената опрема „Ратник“ претставува дополнување на најсовременото воено оружје, ефикасни елементи за заштита на најновата генерација како и сретства за комуникација или се вкупно десет различни системи.

Подготвил
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This