April 26, 2024, 11:54 am

‘НАЈНОВ И НАЈДОБАР’, НЕ ТОЛКУ: Менаџментот на Боинг му ги сруши надежите на Трамп – новиот Ф/А-18 ниту најдобар, ниту најнов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Планираните надградби на воениот авион на Американското воздухопловство Боинг Ф/А-18 „Супер Хорнет“ нема да произведе авион кој ќе биде во можност целосно да избегне детекција, што е во спротивност со тврдењето на претседателот на САД Доналд Трамп кој неодамна изјави дека авионот ќе ја има „најновата и најдобрата стелт технологија за која луѓето немаат ни слушнато“


„Ниту еден авион не е невидлив“, изјавил Боб Корнеги, виш менаџер на програмата Ф/А-18 во Боинг, за време на интервјуто за „Милитари.ком“.

„Ќе направиме помали надградби на количината на преливи кои ги ставаме на авионот. Не е класифициран како многу тежок за детекција, туку како ‘тежок за детекција’. Така што, ние само го земаме како предност она што веќе е инсталирано во авионот“, рекол менаџерот за најновата верзија на Ф/А-18 Блок 3 „Супер Хорнет“.

„Само ќе го намалиме радарскиот печат кој го остава“, рекол Корнеги, објаснивајќи дека тоа значи „дека дозволува непријателот да не ве забележи додека не сте во нивна близина“.

Новата верзија на авионот ќе има поголем резервоар и поголем товарен капацитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This