НАЈСИЛЕН УРАГАН ВО ОВОЈ ВЕК:Ураганот ги опустоши карипските острови (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
Најмалку седум лица, меѓу кои и едно дете го изгубија животот во налетот на ураганот Ирма кој остави пустош на Карибите.
- Advertisement -

Повеќето куќи и објекти се уништени, а малиот остров Барбуда по ураганот практично веќе не е погоден за живот.

Францускиот остров Сан Мартин е речиси целосно уништен. Според локалните власти, околу 95 посто од куќите и зградите се уништени.

„Реконструкцијата ќе трае со години. Речиси сите имоти се уништени. Во шок сум, ова е страшно“, рече премиерот на државата Антигва и Барбуда, Гастон Браун за локалната телевизија, пренесе Ројтерс.

Се очекува дека Ирма наскоро ќе помине и во близина на американската територија на Порторико, изјави американскиот Национален центар за урагани. Во оваа земја повеќе од половина од населението остана без електрична енергија, а ураганот донесе обилни дождови и силни ветрови.

Новиот ураган Катја, кој во моментов е на 322 километри од Заливот на Мексико, полека се засилува и најверојатно ќе биде силен како и другите урагани кога ќе дојде до копното, предупреди денеска американскиот Национален центар за урагани.

Катја моментално е ураган од првата категорија, со ветрови од 121 километри на час, објави Ројтерс.

Центарот објави дека во моментов се активни три урагани во Атлантикот – Ирма која се смета за еден од најсилните урагани во овој век и се движи кон Флорида, Хозе кој е сѐ уште на отворено море 1.000 километри од Антилите и Катја, кој се движи кон брегот на Мексико. Опишувајќи ја Катја како „мал тропски циклон“ Центарот соопшти дека се предвидува до крајот на оваа недела дека би можел да го погоди Веракруз.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This